Не се обидувај никого да промениш- само сакај го!

Сите се трудиме да го живееме овој живот најдобро што знаеме и умееме. Турбулентните периоди и разочарувања се чести гости на животниот пат, а не сме поштедени ни од болката и тагата.

Сепак, не е се’ така црно. Имајте на ум дека животот треба да се живее со полни гради, а за да успеете и да бидете задоволни, почитувајте ги овие правила кои сигурно ќе ви помогнат

– Прифатете го минатото за да не ја расипе вашата сегашност. Вашето минато не ја дефинира вашата иднина туку вашите постапки и уверувања.

– Што другите мислат за вас апсолутно не треба да ве интересира. Важно е колку се почитувате себе си и колку мислите дека сте важни.

– Времето лечи речиси се’ па бидете трпеливи. Болката поминува. Лузните нас не’ дефинираат; тие го објаснуваат нашиот живот и зошто сме такви какви што сме. Тие се наш предизвик и не’ тераат да бидеме јаки.

– Не го споредувајте својот живот, со животот на другите, бидејќи немате појма за нивните животи. Кога би можеле сите проблеми да ги фрлиме на едно купче и кога ќе ги видиме проблемите на другите, ќе си ги земеме своите проблеми веднаш назад.

– Не размислувајте премногу, ок е ако не ги знаете сите одговори. Понекогаш одговорот не постои, го нема или никогаш не го имало.

– Смејте се бидејќи на својот грб, не ги носите сите проблеми на овој свет. Насмевката може да ви го направи и најтажниот ден поднослив.

Извор: minimagazin.info

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: