Oној кој е задоволен од себе, не се споредува со другите

Оној кој постојано мрчи и приговара на другите индиректно им вели: Несреќен сум од својот живот. Среќните луѓе немаат потреба да расправаат за туѓите животи и да вадат од нив валкани алишта, бидејќи се свесни дека секој го има во својот живот. На несреќните тоа им е животна храна. Среќните се насочени на своите цели и немаат потреба своите грешки да ги оправдуваат со туѓи.

Со приговарање на другите им зборуваат за себе. Луѓето не се свесни дека кога се зборува за другите, всушност многу повеќе зборуваат за себе а посебно кога тоа се однесува на нешто лошо. Зборуваат она што е во нив, на тој начин откривајќи ги сите свои скриени фрустрации и негативности.

И кога упатуваат на некоја туѓа рана, понекогаш кријат многу полоша особина кај себе. Луѓето кои приговараат, порачуваат: Имам потреба да бидам над тебе.

Луѓето кои приговараат се над оние другите. Се обидуваат на другите да им држат лекции за животот а всушност ни сами не се придржуваат ни на една од нив. Тоа лицемерие се чита како најнегативна човечка особина.

Личноста која приговара ја сечи гранката на која седи а со тоа го уништува односот со другиот. Луѓето кои можеби ќе им требаат во животот ги одбиваат со постојано приговарање ги одбиваат од себе, не размислувајќи што може да им се случи во блиска или далечна иднина и чија помош може да им затреба.

Личноста која критикува е всушност личност на која и треба помош, да ги реши своите внатрешни конфликти а бидејќи не е во состојба се насочува кон туѓи. Низ осуда на другите покажува дека не знае да простува и се насочува само на она негативното.

Негативните личности се мала врата низ која влегуваат сите болести дома.

Марио Жувела- savjetnikuspeha.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: