Кога ќе слушнам како некој зборува: “Потребен ми е некој да ме сака” знам дека таа личност кај себе ја храни потребата да биде дел од нечија љубов. Да се робува на ова уверување значи дека нивната вредност е условена ако се сакани од други.
А тоа не е фер кон самите себе. Моето искуство вели дека е залудно да се храниме со желбата за туѓа љубов, бидејќи ќе останеме гладни.Нас нѐ храни љубовта која е во нас. Таква љубов одржувајте и негувајте. За да можете да дадете и на другите. Тогаш почнува волшебството…
Leave a Reply