Рестарт by Рената

Part 16

Рестарт и тоа каков рестарт.
Непознати фаци и ладни улици. Мислев дека секој момент ќе се скршам и ползејќи ќе се вратам дома. Да, у онаа дома кај што те сјебува брат ти а камо ли па некој друг …

Ама издржав на начин кој само жените можат да го разберат. Имав цел, имав мотив и секако имав за кого, што сепак е единствено важно. Во периодот на адаптација во простор и време, некако немав можност премногу да размислувам кого и што сè оставив позади себе. Но, за да не ми даде оддишка горниов, многу брзо ми ги склопи коцките на калдрмава по која газев.

И така во еден момент се најдов сама и спокојна како седам и си слушам музика, со омиленото пијалоче во рака, со отворена врата од исто таков голем балкон ‘ко шо си имав. Без врева од коли и мотори …Без хистерични пубертетски џагори во паркчево под мене …Мир …Се штрекнав на момент и погледнав во телефонот …Знам дека штотуку се беше стемнило ама ми се причини дека ми лизна времето низ раце…21:15 …Хммм…

Милно се насмеав и погледнав нагоре да му се заблагодарам на Бога за ова….Си наметнав дуксер, земав слушалки…Излегов надвор. Седнав и си ја повлеков другата столица да се испружам убаво…Ајде да резимираме каде застанавме млада дамо …
Пред скоро недела дена ми пиша идиотон да ме поздрави само. Се наоѓав у некоја гужва па изигнорирав. Никако не најдов за згодно да му вратам. Не дека несакав, туку пред всушност да појдам на пат направив неколку работи кои ме кутнаа во некои чувства кои мислев дека ги имам под контрола.
Нели, кога заминува некој некаде мора пред заминувањето свечено да се испраќа у кафана ‘ко банкет за у војска шо се праеше порано. А бе тоа пиења, јадења, играња, плачки, па ќе ми фалиш, па глеј да ти фалам -муабети и све тако редом, нeли ….Јас секоја таа прилика ја искористив да Го видам, да Го гледам…Да Го запомнам…

Бај д веј од сите тие пријателства како што и претпоставував, останаа оние кои навистина ми значат, а тоа се ни повеќе ни помалку само четири телефонски броеви…Нејсе …
Веќе одреден период, паралелно со моментот кога го запознавав медведот, во животот ми се врати една многу драга личност. Мислев дека завршивме со комуникација затоа што се случи премногу драма околу сето тоа, но ѓаволот не остана да седи мирен.

25 Јануар ми стигна порака на msn :Како си ?!
Хахааааа …Ц ц ц….
Како сум ?! Како да бидам бе ?! Скоро две години поминаа, не те заборавив, затоа што неможам да те заборавам. Го избегнував секој можен начин да те сретнам. Не се распрашував за тебе. Раструбив секаде дека се мразам себеси што сум на иста планета со тебе. Се убивав у депресии. Сите психолози и бајачи по Македонијава не знаеа што ми е а ти на мене -Како си ?! Ц ц ц ц …
– Добро сум .-кратко и јасно му одговорив…Незнаев што да очекувам од него веќе.

Незнаев дали колената ми клецаат од страв или од возбуда. Се препотив како маратон да бев трчала и му пишав :-Ѕвони ако сеуште ми го памтиш бројот.
Не заѕвоне будалиот одма ????!!!!. А мене некој, пиштол на тил да ми ставеше немаше да ми текне на неговиот број, само затоа што цели две години тренирав како да заборавам сè во врска со него …Ииии, еве го….
Пак стариот филм низ глава ми се премотуваше. Се јави, направивме некој безвезе краток муабет и почнаа пак муабетите. Воздржаноста беше обострана. Но, немав никаква намера повторно да се впуштам во истите води со него туку едноставно сакав да бидеме пријатели кои сепак никогаш нема да седнат на иста маса у кафана и да си муабетат, ама ако, можев да живеам со тоа …Или пак да бидеме нешто повеќе од пријатели -не,не…Некако веќе не се чувствував доволно сигурна во себе за да бидам интимна со него, а сето тоа заради ‘последиците’ по нашата ‘врска’ …
После тој повик, веќе ништо не беше исто. Сето она кое можев да бидам за некого и некој да биде за мене, почна да нема смисла. Некаде длабоко во мене се водеа војни од чувствата за ова суштество.

Проклет да си…А колку само сакав да продолжам понатаму во животов …
-Не те заборавив, извини…Како си ?! Што има, што нема?! -му пишав на идиотов и се надевав дека ќе го одјебам по брза постапка.
-Охооо здравооо…Сама си? Може да те барам?!
-Јас ќе те барам од новиот број, може?! (грешка број 1 🙄)
-Чекам …
И да …Се слушнавме…Се интересираше типот за све и свашта и на крајот од долгиот муабет ми нафрли прашање :Сакаш да се видиме ?!
-Ахаххахахахха абе ти диши главата ….Како бе да се видиме ?!
-Одам нагоре следната недела, ако сакаш можам да поминам да си испиеме едно кафенце како некогаш.
-Малку не сум ти попат, ќе треба ептен да скршнуваш за кафето.М?!
-За тебе и на крај свет…Морам да те гушнам и да те помирисам …Ми фалиш мори, памет ми зема, ахахаххахах ….
Останав без текст…Некако на шала сето тоа го процесирав во умов за да не си давам лажни надежи…Ама сакав да дојде и да го гушнам. Ми фалеше и мене таа сигурност во неговата прегратка …Па останува само да видиме што ќе биде….
Некако ми пристуде и се прибрав внатре. Долги се ноќите кога треба да си легнеш сам, па затоа одењето во кревет навечер имав навика да го одложувам додека не капнам скроз. Овојпат си легнав, се покрив убаво, си ја гушнав перницата и не ја изгасив насмевката која благо тлееше …Ќе дојде будалава, знаев …Но, единствено ако некој навистина ми фалеше -беше оној…со очињата…тој поглед кој неуморно под веѓа ме пратеше во секој чекор низ кафана …тој -ѓаволот лично, преправен во ноншалантно мило суштество кое мириса на Paco Rabanne … Аххх …

Рената Миленкович

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: