Споредбата со туѓиот живот, го открива сомнежот за сопствената вредност

“Што не е во ред со мене?”- праша мојата другарка Алис.

-“Мојата сестра беше осамена долго време, и кога најде некој, навистина ми беше драго. Потоа ми рече, дека нејзиното ново момче и’ напиша книга со љубовни песни – и имав чувство, дека некако сум повредена.

Мислев, никој не пишува поезија за мене! Тогаш, мојот живот е замрзнат. Но, јас сум среќно омажена! Не сакам да бидам таква! Зошто сум толку ситна? “

А, завист. Зелените очи на чудовиштето што ги напаѓа нашите умови, ги прогонува нашите најдобри намери. Колку би било убаво, ако можеме да ја уништиме зависта, едноставно со еден збор: Престани!

За жал, тоа никогаш не функционира; напаѓајќи ги негативните чувства, ги правиме уште посилни. Но, ако можеме да ги разбереме причините, кои не’ вознемируваат и да ги замениме, со покорисни верувања, нашите монструозни емоции ќе се релаксираат, дозволувајќи да се разбуди дарежливоста.

Првиот чекор е, да престанете да се обвинувате себеси. Формирани сте како личност за цел живот, според моделот на споредба и конкуренција, буквално од вашиот прв здив. Кога се родивте, доктор или медицинска сестра веројатно ви доделил Apgar score, број кој покажува како се мери тонусот на мускулите, отчукувањата на срцето и другите променливи вредности.

Во текот на детството, проценките продолжуваат, вашата висина, тежина и други атрибути, постојано се споредуваат со оние на вашите врсници. Со секој тест, извештај, картичка или атлетски настан, добивате друг ранг.

Потоа, на крајот, најверојатно, ќе се придружите на работниот свет, ќе се натпреварувате за работа и ќе се трудите да ги надминете колегите.

Кога ќе стигнеме до зрелоста, постојано, речиси рефлексивно ќе се споредуваме: дали е попаметна од мене? Побогата? Дали има поубави нозе, облека, деца? Додека се стремиме кон успех, можеби дури и се надеваме дека другите ќе задоцнат, бидејќи научивме, дека за една личност да победи, многумина мора да изгубат.

Всушност, можеме да се чувствуваме загрозени, кога некој друг ќе доживее нешто убаво, па дури и некој што го сакаме длабоко. Конкуренцијата е приказна, како луѓето станаа доминантен вид- од Бога!

Тоа ние го мислиме – но сите не се согласуваат.

На пример, во рурална Јужна Африка, сретнав многу луѓе кои немаат пристап до материјалните ресурси, што јас ги создавам. Тие можеа да  чувствуваат завист и незадоволство, но сепак ме третираа со огромна топлина и великодушност. Моите африкански пријатели ми раскажуваа, дека ова произлегува од нивната филозофска основа во убунту.

Зборот, кој нема директен превод, во суштина значи “Јас сум тоа што сум”. Убунту нè потсетува дека луѓето не станале доминантен вид, со тоа што се натпреварувале. Ние го направивме тоа, со нашите уверувања.

Во малите села, опкружени со заканувачки диви животни, секој човек е скапоцен, а споделувањето носи изобилство. Ако еден селанец научи вештина – да речеме, нов начин на одгледување на храна – тоа повеќе придонесува, за да ги подучува другите, отколку да го користи своето знаење за да се натпреварува со нив. Кога нивните соседи напредуваат, ги зголемуваат колективните ресурси на групата; има повеќе за секого, а селото е посилно како целина.

Ова е лекција, која треба да го научи нашето ‘чудовиште’, кое ги следи омилените лаги на нашата култура – приказните за конкуренција и недостаток.

Љубезно, но цврсто, мора да се научи приказната на убунту филозофијата. Можете да го направите тоа со своето ‘чудовиште’. За секоја приказна во нас, постои алтернатива за убунту. Читајќи го ова, обидете се да размислите за конкретни факти од вашиот живот, за да можете да ја поддржите.

Приказна на завист: ‘Ако некој друг има добра среќа, нема да има доволно за мене’. Приказна на Убунту: ‘Човековата благосостојба не е нулта игра. Сакајќи најдобро едни за други, создаваме чувство на изобилство – и можности’.

Приказна за завист: ‘Морам да бидам како [сестра ми, мојот шеф, Анџелина Џоли] и уште подобра’. Приказна на Убунту: ‘Сите ние сме единствени и неспоредливи. Јас напредувам со исполнување на мојата сопствена судбина, а не на нечија друга.

Приказна за завист: ‘Ако имам, тоа што има и другиот, ќе бидам среќен-а’. Приказна на Убунту: ‘Позитивната животна ситуација не е причина за среќа, тоа е резултат на среќата. Среќата доаѓа од признавањето, дека сум доволна на самата себе’.

Ако сте навикнете, да ги замените вашите приказни на завист, со приказни за убунту, тогаш можете да почнете, да креирате нови патеки во вашиот мозок, патеки до порелаксиран и отворен поглед на светот.

извор: Oprah.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading