Оние кои ја сакаат самотијата, нечие друштво платиле многу скапо

-“Чувај ги твоите пријатели блиску”, вели Мајкл Корлеоне во Кум: “Но, твоите непријатели многу поблиску”.

Јас често не ги следам советите на измислените мафијаши, но во овој случај правам исклучок. Мојот најлош непријател ми е многу близок, буквално е под мојата кожа.

Има и други луѓе во светот кои ги повредуваа моите чувства, ме нарекуваа со секакви имиња и  ја саботираа мојата работа, здравје и врски.

Но, кога станува збор за дејствување против моите сопствени интереси, никој не може да има вистинско влијание освен јас самата. Се обложувам дека и вие – барем понекогаш – сте свој најлошиот непријател, иако можеби тоа секогаш не го разбирате.

Можеш да бидеш еден вид двоен агент, невино маскиран како некој кој ти посакува најдобро, а предавник  на секој чекор.

Еве кратка листа на начини за препознавање на непријателот. Погледнете дали некои од нив се однесуваат полошо од вашата врска со самите себе. Непријателот е нетолерантен. По дефиниција, непријателите сакаат или да ја освојат или да ја уништат другата страна, често затоа што мразат некој основен дел од идентитетот на својот противник. Непријателот може да ве вознемирува поради тоа што изгледате како изгледате, зборувате на начинот на кој зборувате, размислувате на начинот на кој размислувате или  сето тоа заедно.

Клучно прашање: Дали сте вие сам себеси всушност непријател? Дали е потребно помалку од десет секунди да се одговори? Ако е така, проверете во најблиското огледало. Вашиот најлош непријател ќе го видите во себе. Бидејќи не можете целосно да се справите со себе, ова може да биде добра прилика да преговарате со себе.

Најдобар начин да се започне тој процес е да се практикува прифаќањето – тоа не мора да значи љубов или анализа на работите што ги мразите кај себе. Само забележувате дека не можете да ги менувате работите кај себе веднаш, во втората секунда. Но, ако едноставно им дозволите да излезат од вас во оргинал, може да се чувствувате помалку вознемирени. И така ќе научите да ги толерирате вашите недостатоци, па тие ќе станат полабави и полесни за промена.

Она на што реагираме со отпор- продолжува; она што го прифаќаме може да се смени.

Кој суров, нечовечки јазик го користите за себе? Кога тие фармерки не ви одговараат, си мислите, каква крава? Ако заборавите да ја платите телефонската сметка, дали велите: “Јас сум таков идиот”? Добредојдовте во умот на воен злосторник во изработка.

Можете да работите на мирот со себе, ако се трудите да го отстраните говорот на омраза, без разлика дали зборувате со себе или со другите. Користете ги љубезните зборови што ќе ги дадете како сојузник и не заборвајте дека непријателот ги експлоатира вашите слабости.

Дали е тоа потребно? Следниот пат кога самите ќе се напаѓате, борете се со зборовите: “Тоа не беше совршено, но тоа беше добро”. Или, “Направив се’ најдобро. Не можам да сторам повеќе од тоа.” Или, “Ох, добро, згрешив и што, по ѓаволите?”. Кажете ги овие работи, бидејќи ќе бидете искрени и секако дека ќе ви биде полесно.

Психолозите откриле дека повеќето од нас имаат тенденција да мислат дека нашите атрибути и дејства добиваат многу повеќе внимание од другите, отколку што навистина се- феномен наречен ефект на вниманието.

Ова е рецепт за самосвесна парализа. Секако треба да помине време кога ќе се совлада учењето, кое се нарекува- 20-40-60 правило. Тоа е малку народна мудрост која вели вака: На возраст од 20 години сте сигурни дека сите размислуваат за вас. Кога имаш 40 години, почнуваш да се грижиш помалку дека луѓето размислуваат за тебе. И кога ќе достигнете 60 години, ќе ја сфатите вистината: Никој никогаш не размислувал за тебе.

Луѓето обично се толку зафатени со несвесната идеја да бидат сами свој најголем непријател што дури и не ги забележуваат вашите недостатоци.

Непријателот никогаш не простува. Сето ова е само во вашата глава, затоа најдобро е да земете лист хартија и да напишете: “Ја слушнав твојата(својата) исповед, и јас ти простувам.

“Самопростувањето е суштината на познатиот молитвен богослов Реинолд Нибур (подолу), кој ви помага да прифатите она што било во минатото и да ја менувате сегашноста, без да се замарате со минатото и во рамките на вашата моќ да се промени нешто (на пример, вашата вообичаена само-саботажа).

Во војна против себе никогаш не може да се победи; единственaта вистинската промена се случува кога ќе пуштиш рака и ќе се спријателиш со непријателот. И ако можете да си направите мир со себе, ќе откриете дека целиот свет станува побогато, нежно место.

Често спомнувајте ја молитвата:”Боже, дај ни милост да го прифатиме со ведрина она што не може да се промени, храброст да ги смениме работите што треба да се менуваат, и мудроста да ја разликуваме една од друга “.

Марта Бек е автор на книгата “Алегорија на будење”.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: