Она што не е зараснато, тоа ќе го повториме

Колумна на Марта Бек -Најпродаваната авторка, животен тренер и говорник, специјализирана за помагање, на поединци и групи за личен и професионален успех.

“На секој, може да му се случи развод.”

Кога се разведов на 23-годишна возраст, беше застрашувачки. Се чувствував како оштетена, користена стока. Се срамев за мојата одлука и неуспех во бракот.

Единствениот начин, на кој можев ментално да се помирам со мојот пораз, е фактот дека не сум сама. Избрав да се фокусирам на тоа, дека бев една од милион жени, кои се во иста ситуација и сигурно се со скршено срце, како и јас.

Чувствувајќи се така – се смирив. Тоа ја разбуди мојата најљубезна и сочувствителна СЕБЕ и личноста која сакав, да ја покажувам се’ почесто. Бидејќи таа врска со себе е најутешно чувство кога сте сингл, но, сепак сеуште се плашите и се’ што сакате е да направите некако да се исклучите.

На крајот на краиштата, разводот се случува со најдобри намери за двајцата. Значи, почнав да си зборувам себеси и на секој кој ќе ме праша:

“На секој, може да му се случи развод.” J.Lo, Halle Berry, Kate Winslet! ” Јас тоа го кажувам со многу смеење, но, навистина тоа ми помогна. Бидејќи овие силни жени, кои ги набројав, не се сожалуваат себе си и се почитуваат. Ниту јас не сум повеќе таква.

“Љубовта е посилна”

Татко ми умре од канцер кога имав 19 години. Дури и во тоа ограничено време, ме научи толку многу и ме поттикна повеќе од било кој друг. Сеуште ми недостига многу. Но, преку болката што сеуште е жива, се потсетувам на оваа вистина: Љубовта е посилна од смртта. Бидејќи, вистина е, дека сеуште имам татко. Тој живее во мојата сестра и во мене и се појавува на неочекувани, дури и смешни начини – како кога мојот сопруг и јас изнајмивме автомобил и од ‘никаде’ знаев како да паркирам, нешто што татко ми ме научи многу години порано. И кога знам како да го направам најдобриот сок, зашто ме научи и тоа. Го чувствувам неговото присуство, па дури и неговата гордост.

Татко ми беше писател, кој уживаше да ме опише во моите тинејџерски години, па кога ја држев првата книга што ја напишав во моите раце, го почувствував како вели: “Ти кажав…и ти така!”

“Сето тоа е дома”

Еднаш слушнав дека преселувањето во нова земја е една од најстрашните работи што може да го поднесе човекот. И тогаш, со селењето, многу се расти и созрева. Особено кога ќе почнете да размислувате за сè што треба да направите (нова банка, стан, даночни форми, кредит, барање работа) пред да стигнете до забавните работи (наоѓање на пријатели, локално јога студио, најдобар супермаркет).

И еј, што ако едноставно не се вклопите? Најдобра смирувачка мантра што ја пронајдов и која им ја повторувам, на луѓето кои минуваат низ слични промени: “Сето тоа е дома”.

Заедно сме во ова. Оваа планета, ова животно искуство, овој експеримент, каде што ни даваат 80 години или повеќе, за да сме среќни. Кој се грижи за името на градот или земјата во кое живеете некое време?

Во повеќето случаи, секогаш можете да продолжите. Важна е состојбата на умот, и колку побрзо ќе ја прифатите состојбата, толку побрзо ќе го доживеете среќниот живот..

“Океј тогаш” не е фенси мантра. И не мора да биде. Ја создадов оваа мантра, само за да не се задржувам, на пријателката која ме изневери. Пријателството започна кога станав сингл и природно поминав повеќе време со неа. Јас се обидував да се прилагодам на мојот нов живот; но, таа стана студена и критична, гледајќи дека мојот живот е по содржаен, кога се обидував да бидам “девојка”.

Откако еден заеднички пријател ми кажа, што зборува за мене зад мојот грб, се соочив со неа. Болката на нејзиното предавство, ме повреди, а неа не и’ беше жал. Знаев, дека нема да можам да го променам нејзиното однесување, и толку беше од нашето пријателство. Моите последни зборови за неа:” – Добро тогаш”.

Научив, дека кога ќе се спротивставите на моменталната ситуацијата, имате аргумент, она невозможното што се случува, токму во тој момент – само го максимизира.

Кога ќе се откажете, се предавате и дозволувате, да биде онака како што е и тогаш станувате најмоќна своја верзија.

“Никој не знае дали е во право”

Кога ја напуштив мојата работа, од 500 илјади долари годишно, за да работам како тренер, со полно работно време, бев многу уплашена. Првите две години од работата, поминаа во многу учење, правев грешки и во моите најлоши моменти, се случи мојата втората претпоставка.

Видов дека другите луѓе околу мене, се фалат по социјалните мрежи со глупости, што само ве прават да се чувствувате лошо, кога сте во фаза на учење.

Оваа мантра е мојата омилена- Никој не знае дали е во право . Затоа што не се однесува само на бизнис; тоа се однесува на сè. Прв пат слушнав како Рики Жервес го кажува тоа, пред неколку години. Оттогаш толку длабоко одекнуваше и продолжи длабоко, да се врежува во мојата глава.

Марта Бек

извор: Oprah.com

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: