Менувајте го она што можете и прифатете се’ она, што не можете да промените

Старите народи велат дека има време за се’ и дека сè ќе дојде во свое време. Меѓутоа ретко кој живее и им верува на тие начела.

Но, секогаш треба да се потсетуваме, дека треба да се живее како да ни е последен ден, да се потрудиме секој ден, да не биде клише и конечно, вистински да почнеме така да живееме.

Менувајте го она што можете и прифатете се’ она што не можете да  промените. Единствениот вистински факт е сознанието, дека само така ги држите конците на животот во своите раце, а со тоа ќе расте и вашата самодоверба.

Кога имате доверба во себе, го имате “ветерот во грбот” што го посакувате во животот. Тоа ќе ве натера уште повеќе да верувате во Себе. Тогаш ќе станете своја сила и утеха, ќе се чувствувате добро и љубезно.

На другите пак околу вас, ќе им биде полесно, нема да ги разочарувате, ако не сте во форма и обратно. Ќе биде полесно да се справите со ситуациите и односите со околината, бидејќи ќе можете реално да ги согледувате работите и ќе престане чувствството, дека сте виновни за нешто.

Тешко е да си простиш себеси и на другите. Иако звучи лесно, но во реалноста тоа е сосема поинакво.

Простете во мир и тишина. Минатото и каењето, иднината ја претвора во мудрост. Не ги повторувајте грешките, бидејќи веќе го знаете вкусот на огорченоста, што ќе ја имате подоцна.

Бидете големи, направете прв чекор и смирете ја својата душа, простете им на најблиските, иако можеби, вашите врски никогаш нема да бидат исти, но барем ќе бидете мирни. Не се грижете за товарот кој не ви е потребен, без разлика дали тоа се семејни или работни обврски.

Сфатете дека тоа е вистинска верижна реакција во која, ако не сте доволно добри со себе, тогаш не може да биде добар вашиот однос со децата, сопруг / жена или околината.

Колку и да звучи себично, така е. Кога ве пече совеста во секојдневниот живот и таа почнува да трае во вас, најдете некое време за себе, напревете нешто убаво за вас, бидејќи вашето задоволство се пренесува на сите оние кои се околу вас.

Работете на себе и правете она што ве прави среќни. Луѓето секојдневно треба да се менуваат. Таа промена е под влијание на животот, околностите, годините.

Така го менувате и она што ве прави среќни. Врз основа на тој ментален мир, знаете колку се сакате себе си и се’ додека не сте ‘свои’, автентични, не можете да го почувствувате тој мир во себе.

Ова значи прифаќање на себеси. Дури и со недостатоци. Па што? И со вишок килограми. Па што? И со чудна природа. Па што?

Кога ќе се прифатите какви што сте, ќе бидете среќни. Ако сте здрави и добро е вашето семејство, веќе имате појдовна точка, да бидете среќни и да направите нешто што сте го планирале – но, секогаш бидете скромни.

И бидете свесни одвнатре дека сте безбедни и среќни, со тоа што го имате. Не трошете енергија на идејата и желбата да одите низ животот, носејќи други чевли, бидејќи тие се поскапи и понеудобни.

Кога се двоумите и се жалите колку е животот тежок, помислете на тоа колку болни луѓе има околу вас, загрижени семејства, луѓе кои се несигурни за своето утре, луѓе кои се борат за своето потомство и луѓе чии деца се болни.

Животот е премногу краток, едноставен и најважно, не сме скроени да се живееме сами. Никој освен вас, не може да одлучува за вашиот живот, затоа живејте според вашите правила.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: