Животот не е трка..уживај во патувањето


Има луѓе кои тагуваат и не сакаат да го пуштат спомените, бидејќи тоа им изгледа како предавство на саканите и спомените на нив.

Или понекогаш не сакаме да ги отпуштиме прекинатите врски, бидејќи тоа би значело дека признаваме колку сме неуспешни, губитници или се’ заедно да го признаеме изгубеното време на погрешни луѓе.

Но, да се отпушти нешто, да се премине преку тоа, никогаш не е предавство- љубовта е одговор, бидејќи уште можеме да ги сакаме. Љубовта е исто така и најдобар исцелител.

Ние не сме губитници, ако врските неизбежно, порано или подоцна се распаднат..
Исто така не постои врска, од која барем нешто не можеме да научиме, ако сакаме, што значи дека не било губење време.

Дури и ако сфатиме дека врзувањето е губење на време, тоа е лекција дека во иднина, треба да избегнуваме, повторувањето на грешките и конечно да ги научиме подобрите вештини.

Да се тргне понатаму и да се прифати сегашноста, значи дека можеме да формираме, здрав и позитивен однос со некоја личност, дури и ако повеќе никогаш, не се гледаме во тој облик.
Слободата, конструктивно да се реагира, доаѓа од прифаќањето на она што е, без отпор да се пушти она што не е и не може да биде.

Со благодарност за она што не’ прави јаки и мудри; со љубов и сочувство; со чиста перцепција.
На крајот имаме избор другиот да го видиме со наши очи односно како што ние ќе одбереме.

Извор: www.bc-kailash.hr

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: