Вети ми…

Вети ми дека ќе си одиш ако еден ден не можам да те насмеам. Немој да нѐ мачиш со кратки разговори, ако веќе некогаш не сме можеле да се насладиме со разговори долги.

Оди си од мене ако некогаш ти стане тешко да ме сакаш или ако во моите очи повеќе нема сјај, само темнина. Немој да си дозволиш себе си да повишуваме глас еден на друг и викањето да биде единствен начин да се слушнеме. Немој повеќе да ме гледаш, ако престанам да те бакнувам на утро или кога ќе дојдам преморен на крајот од денот.

Немој да ме љубиш ако твојот пулс остане мирен додека тоа го правиш.Оди, ако секој ден ми зборуваш како си уморна и како е сѐ добро а не е.

Немој да лажеш, тоа не можам да го поднесам. Вети ми дека ќе си одиш, тоа полесно ќе го преживеам, одколку да гледам пополека, но сигурно, како престануваш да ме сакаш.

by Рита

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: