Кој те љуби, ќе се јави

Постојат различни видови на љубов на овој свет, но никогаш не се појавува иста љубов два пати’- Ф.Скот Фиџерлад

Маж нема да ве остави, ако знае дека никогаш нема да најде жена како вас. Без оглед што стои на патот или колку нелогично може да биде.

Ако сте способни со својата насмевка, да насликате залез на сонцето во различни бои и да му покажете љубов, за која не верува дека постои, никогаш нема да посака, да ве остави.

Љубовта доаѓа и си оди, било да избледи или едноставно да умрe со тивка смрт. Постојат моменти на страст и желба, но, најважно е она поради кое мажот останува покрај вас.

Тоа е чувство на сигурност кое без оглед колку долго го бараат или колку далеку ќе одат, нема никогаш да го најдат во друга жена како во вас.

Велат ако посакуваме да бидеме незаборавни, треба да бидеме контрадикторни; треба да бидеме таинствени.

Не поради самодопаѓање или задоволување на нашите чувства, туку поради тоа што, Тој во себе се смешка, додека се прашува што ново ќе му приредите. Жена со добро срце, љубезна душа која игра во ритамот на љубовта, додека заводнички ниша со колковите под сјајниот месец. Чувствителност која цвета преку нејзините образи, кои се прелеваат во бои, додека нејзините топли солзи се слеваат низ образот.

Жена која не трпи ничии глупости. Тип на жена која е лавица во кревет, но која се моли на колена во неделните утра.

Постојат милиони луѓе на овој свет, постојат стотина со кои можеме да делиме поврзаност и привлечност- но, постои само една личност која станува незаборавна. Без оглед колку пати ќе си докаже, мажот, кој знае дека пронајде нешто што повеќе никогаш нема да го најде во друга жена, никогаш нема ни да се откаже.

Нема да и’ сврти грб и да ја пушти да му се лизне низ прсти како топол летен песок. Нема да ја отфрли нејзината магичност, секогаш ќе и’ се восхитува.

Жена која нема никогаш да ја изгуби еден маж, сигурно нема да биде спакована, како што тој замислува дека љубовта ќе дојде.

Сето тоа знае да е наопаку- или можеби Тој, не знае што навистина е правилно.

Љубовта може да биде заплеткана и понекогаш луда, но таа нејзина заплетканост и интригантност е она што покажува најголем предизвик за вашите скриени потреби.

Поинаква, кога е со Тој маж- и Тој тоа го знае. Тоа е она вистинското во таа жена, која не ги покажува своите тајни на било кој. Кога ќе се отвори и кога ќе покаже што има во себе, ќе биде запрепастивачки и инспиративно.

Ги чува своите најдобри делови за љубениот маж и додека другите тоа можат да го почитуваат и да бидат дури опчинети со неа, вистинската Таа се чува за еден маж. Таа создава друг свет во својата фантазија, онаа коај не може секој да ja разбере, но со љубениот ја отвора вратата, која долго била затворена.

На секој од нас ни е потребно нешто повеќе од партнер. Љубовта не е еден калуп кој му одговара на сите. Постојат милион различни јазици и вкусови, бои и големини и сите тие се во исчекување на својата пријатна стварност.

Она што е воодушевувачки за една личност, за другата е предвидливо, она што за една личност е премногу за друга е таман. Жената која е незаборавна за еден маж, значи дека го маѓепсала со својата стварност.

И не е важно која е таа, туку што претставува. Невозможно е да се дефинира. Не постои друго чувство како она што за нас е специјално, бидејќи без оглед какви се нашите индивидуални потреби, сите посакуваме да се чувствуваме како да сме пронашле богаство.

Посакуваме да се чувствуваме како да сме освоиле на лотарија во љубовта и дека нема никакви дилеми во нас, дека не постои никој друг, како оној, на кој сме го дале своето срце. Мажот никогаш нема да се откаже од жена која ја љуби, што се случува еднаш во животот.

Нема да биде лесно, но така е со љубовните приказни- не сакаме да биде лесно. Никој од нас не оди во кино за да гледа среќен крај на почетокот на филмот.

Наместо тоа, сакаме значајно пресврти, кога се’ се чини изгубено и сета надеж е минимална. Големите љубовни приказни не се големи поради тоа како лесно работите се случуваат. Туку поради тешкотиите кои нејзините актери ги поминуваат за да може љубовта да функционира. Искушенијата и неволјите кои се пред нас, ако имаме желба да одиме по она што сакаме и наградата која следи, ни кажуваат дека без оглед на се’, оваа љубов ќе биди вредна за тој трнлив пат.

Ако вечерва спиете сами, знајте дека не постои ништо што можете да направите за да  уверите ниту еден маж за својата вредност или да го научите на тајните магии кои ги создавате.

Мажот кој може да ве види како единствена и неповторлива жена и  нема да најде друга како вас во својот живот, ќе биде човекот кој никогаш нема да ве пушти. Единствен човек кој ви треба во животот е оној кој ќе ви докаже дека сте му потребни во неговиот живот.

Извор: atma.hr

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: