Сеуште можам да се расплачам во секунда. Како дете.
Уште се грижам за секакви будалаштини и ситници.
Она на што многумина не обрнуваат внимание.
Сеуште се нервирам поради работи за кои не треба да се грижам, кои на некој чуден начин ме погодуваат.
Сеуште ‘пукам’ на секоја глупост и не знам да ја “затнам устата” кога треба.
Пушташ па отпушташ. Учам сеуште
Сеуште ќе залутам во возот на емоции кој не води нигде, само во болка.
Уште читам. И уште мислам дека ликовите од книгите навистина постојат.
Уште се туркам. Низ животот. Помалку низ гужви и редови.
Уште се “палам” на добрина. И добри луѓе.
На гушкања, простувања и други шанси.
Уште се радувам на летен дожд и прв снег. Или невреме.
Не знам, сигурно сакам тоа што е немирно.
Уште сонувам, збунета сум, па се смеам.
И уште чувствувам. Со цела душа и тело.
Она што го сакам, да е она што имам..
Она што го сакам…

Leave a Reply