Прво мораш да научиш да го скроиш моментот

Пливај со текот на водата а не спротивно од него. Кога ќе почувствуваш дека промената е неопходна, биди подготвен да се менуваш и не обидувај се да се протиставиш.

Биди многу флексибилен. Биди отворен и никогаш не дозволувај твојот став да биде: “Тоа што било добро за моите родители, доволно е добро за мене”.

До промена никогаш нема да дојде ако тоа е твојот став, а промени мора да се случуваат. Новото не може да се вклопи во старото и потребен му е поголем простор.

Дај му повеќе простор така што ќе се ширите заедно. Ако не постои отпор, тоа не би требало да биде болен процес. Кога растението е во саксија, мора да се пресади за да се развиваат неговите корења во нови царства. Тој процес се случува многу природно; нема потреба од напор и стрес.

Едноставно остави, опушти се и почувствувај како се менуваш и шириш природно како што дишеш и се селиш од старото во ново.

Ајлин Кеди- Отворање на внатрешните порти

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: