Престани да бараш помош од другите, побарај ја во себе и ќе ја најдеш. Секогаш оди по одговор кај Изворот и не се задоволувај со половични одговори, или со што и да било што не е врвно.
Започнувајќи од дното и работејќи нагоре, ќе се исчистиш и прочистиш во целост и ќе можеш да почнеш од цврсти основи слични на карпа што никој и ништо не може да ја разниша или уништи.
Кога твоите основи ќе станат цврсти, можеш да продолжиш да градиш и да градиш без никаква грижа. Потруди се твоите основи да бидат вкоренети и поставени во Мене, во патиштата на Духот а не во патиштата на светот што денес е тука а утре веќе не е. Живеј и движи се и целото твое Битие нека биде во Мене.
Дозволи им на Мојот мир и на Моата љубов да те исполнат и да те проникнат. Подигни го своето срце со длабока љубов, пофалба и благодарност и биди во совршен мир додека ја исполнуваш Мојата желба и одиш по Моите патишта.
Ајлин Кеди- Отворање на внатрешните порти
Leave a Reply