Ќе најдете време да го прашате вашето срце?

Животот секојдневно нѐ соочува со предизвици и контрасти. Колку и да сме јаки често во тешките моменти помислуваме да се откажеме од сѐ, слушајќи го нашиот ум, како брбори дека ете ‘тоа’ не е за нас или дека не сме доволно добри или имаме ‘попаметни’ работи во нашите грандиозни замисли и планови во животот.

И најважно – НЕМАМЕ ВРЕМЕ!

Ќе најдете време да го прашате вашето срце? Што ме прави денес посебен-а? Која е мојата страст?..Бидете за миг со себе..слушајте го своето срце..тик-так..тик-так..најдете време, не барајте изговори.

Животот е убав и исполнет со многу убави работи само треба да знаеме да ги видиме. А знаеме, само треба да го смириме нашиот ум. Сите одговори се во нас. Срцето подобро гледа што е за нас суштински важно.

Умот врска нема! Една изрека вели: можно е да се излезе од тешките ситуации само ако се сетиш да го запалиш светлото. Светлото е нашето поврзување со душата. И сѐ зависи од нашата перспектива.

Не дозволете секојдневните тешкотии да ве спречат да го гледате животот од ведрата страна. Животот е она на што му даваме значење. Не е она што се случува, туку како ние гледаме на тоа. Така го креираме нашиот живот.

Затоа, слободно слушајте го вашето срце.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: