Ако еден ден се заљубам

Верувам во разиграна, страствена љубов. Љубов која е забавна и спонтана. Верувам во доследна љубов. Љубов која не познава граници, која никогаш не пречи. Некој, кој ќе биде на мојата страна низ добрите и лошите денови.

Да знам дека нашата љубов нема да избледи, ниту да се распадне кога ќе дојдат тешки времиња, туку ќе биде посилна и поцврста низ времето. Ако поминуваме низ пеколот, заедно да излеземе посилни од порано, да ги научиме лекциите и нашата љубов, да биде на прво место. Љубов која низ несогласувања гледа прилики за учење за нас.

Неизбежно е дека ќе се караме, ќе се расправаме. И кога двајца се сакаат, љубовта не е лесна. Живот се случува. Ние понекогаш сме чувствителни, нервозни, тажни, погрешно тумачиме, претпоставуваме.

Соочени со проблеми, можеме да направиме  избор и да тргнеме напред или да допуштиме тие да не’ скршат.

Избирам да се движам напред. Верувам во љубов која прифаќа. Љубов која не осудува. Љубов која опфаќа индивидуалност. Сакам човек кој ќе ме сака, вклучувајќи ги и моите грешки, човек кој ќе ме прифати поради работите кои не можам да ги контролирам, човек кој ќе го почитува мојот пат и колку тешко морав сама да се борам.

Сакам тој да знае дека секогаш ќе бидам тука да го подржам, да го насмеам и да не дозволам да падне и најважно, безусловно да го сакам.

Верувам во љубов која е лојална. Сакам да се чувствувам сигурно, знаејќи дека нашата љубов е доволна за него, дека никогаш нема да посака нешто друго.

Не се обидувам да најдам некој кој ќе ме сака. Нема да ловам љубов која треба да се случи природно. Знам што можам јас да дадам. Ќе дадам се’ од себе. Ќе дадам љубов.

И нема да се помирам со љубов, која е помала од тоа- љубов во која верувам.

by: Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: