Гушкањето е повредно од илјада зборови

Многумина ќе кажат: Слободен сум, никој не ме држи во ланци, никој мене не ми одредува што ќе зборувам и работам.

Во право се, но од друга страна потајно размислуваат за другите, за она што другите го прават, за својата слика во нивните очи и најлошо, сакаат на сите начини да им се допаднат. Купуваат работи со кои ќе ја зголемат својата цена, се сликаат на одредени места и  тие слики ги поставуваат по различни социјални мрежи со желба другите да гледаат и да им се воодушевуваат.

Со ‘милион’ ланци се поврзани луѓето меѓу себе и убаво е кога тоа се искрени и добри луѓе. Кога со друг човек можете да бидете како со некој свој, кога ве разбира и тогаш кога ќе згрешите. Убаво е кога сте со луѓе кои ве инспирираат, кои будат во вас позитивна енергија, со која го креирате својот живот, се радувате на секој нов ден. Убаво е кога сте со луѓе кои нема да ве ловат за секој збор кој ќе го изговорите, бидејќи ве познаваат многу подлабоко.

Но, тешко е кога околу вас се оние кои едвај чекаат некоја ваша грешка за да ве осудат, кои можат да направат чувство на вина кај вас за да покријат нешто свое, кои ќе ве изманипулираат кога нешто им треба и на кои не им е битно што ќе биде со вас на крајот.

Уште потешко е кога тие луѓе се прават ваши пријатели и ве убедуваат дека можете да им верувате и слободно се’ да им кажете што ви е на душата. И тогаш кога ќе им кажете се’, ви удираат нож во грб.

Не дозволувајте други луѓе да ви го одредат животот. Кога ја познавате својата вредност, нема да ве поколеба зборот на осуда кој доаѓа од устата на другите луѓе, бидејќи знаете дека луѓето, тоа го зборуваат за себе а не за вас.

Имајте секогаш убав збор за сите оние кои со добри намери влегуваат во вашиот живот а на оние кои немаат добри намери покажете им ја вратата. Градете свој пат, своја цел и одете по неа.

Другите се само епизоди кои доаѓаат и поминуваат и на крајот нешто можат да не’ научат за нас самите. Ако покрај тоа станат една убава приказна на нашиот живот, нема поголема радост.

by Рита

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: