Не се согласувај на помалку љубов

Уште од мали нозе, не’ учат дека грешки не се дозволени, а тоа најдобро го научивме во училиште, а некои од нас беа редовно ‘пеглани’ и по дома. По малку е тажно, бидејќи животот без грешка е невозможен. Затоа најчесто возрасните живеат во страв, дека ќе згрешат, па тој страв потајно им го внесуваат под кожа на децата. И така во круг.

Но, тоа може да се смени ако ги пофториме следниве факти:

1. Грешките се составен дел од животот на Земјата, бидејќи ништо не е совршено, па ни ние. Грешките треба да се прифатат, како нормален дел од растењето на човекот и да се признаваат. Тоа значи, сме правеле грешки и ќе ги правиме во иднина. Важно е да си ги признаеме себе си, мирно и сталожено, ако веќе знаеме, дека сме направиле грешка и дека тоа е нормален живот и човечко битисување. Можеби не се посакувани, но суштината е во прифаќањето.

2. Потребно е да се разбере и открие причината, зошто грешката е направена. Тука е за да научиме нешто. Грешката не е непријател, туку прилика за учење на лекциите. Која лекција е за нас, секој си знае за себе. Едно е сигурно: тој што не греши, не расти.

3. Чекор, кога се прифаќа лекцијата која грешката ја носи. Се прашуваме: дали нешто научив? Овој чекор е многу важен, бидејќи во случај, ако од грешката не сме ја сфатиле пораката, тогаш таа постојано ќе се повторува. Во тој случај, околу нас ќе се вртат денови, месеци, години, луѓе кои секогаш ќе не’ потсетат на истото.

4. Да си простиме што сме згрешиле и на сите кои не’ потсетија, дека не сме совршени. И да бидеме благодарни на себе, на храброста и силата и оние кои не’ потсетија каде треба да растеме. Да не се тие, ние нема да знаеме каде грешиме.

Да отпуштиме пополека и фокусот да го ставиме кон иднината. Премногу е време потрошено на жалење, поради направените грешки. Фокусот треба да се држи на посакуваното, а не на грешките. Ако енергијата се потроши на предолго размислување, за тоа каде сме згрешиле, ќе ни недостига енергија за позитивен раст и учење.

Само речете си: ‘Знам дека згрешив, но сега сакам да мислам за тоа, како следниот пат ќе направам да биде многу подобро, бидејќи јас тоа го сакам и јас тоа го можам’.

Секако никој од нас не сака да живее во состојба, во која владее страв и кога не напредуваме, всушност се плашиме од грешки. Тоа би било стопирање на целиот преубав процес, автентичен и понекогаш болен процес на раст.

Понекогаш е во ред и таа фаза да се прифати, но, поубаво е кога стравот оди на друго место, за да можеме без проблем да ја продолжиме авантурата на животот, а не жртвувањето.

Стравот од тоа дека ќе направиме грешка, не’ води по најкраткиот пат до неа. Со растот доаѓаат и нови перспективи во умот.

Дали тоа го сакаш за себе? Сите овие чекори и сите ситуации, природно ќе те доведат, до битисување во кое има многу малку грешки. Тоа е состојба на голема слобода и среќа за која треба да се потрудиме. Затоа на се’ ново, кажи му: ‘Се радувам, можеби токму ти си моја следна грешка!’

извор: Alternatva infirmacije

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: