Сакам гушкања

Обожавам гушкања кои ја носат тагата далеку од мене.
Сакам гушкања, кои иако ништо не решаваат, прават да ги разберам тешкотиите и да сфатам дека нема лесно да се откажам.
Сакам гушкања кои ги составуваат моите скршени делови, кога со нив си оди осаменоста, гушкања кои внесуваат радост.
Кога се распаѓаме, а некој нежно ќе не’ гушне и не’ прави да се чувствуваме составено.
Постојат гушкања кои создаваат посебни врски, полни со хармонија, кои го запираат времето..

Оние кои не сакаат гушкање или постојано зборуваат, дека не им се потребни, сеуште не знаат колку се важни и неопходни, за било кој човек, во секој момент од животот.
Гушкања има од сите ‘бои’, колку и луѓе, ситуации и врски, но секое од нив ни праќа своја порака.

– ‘Се вели кога некој ќе гушнеме со задоволство, заработуваме уште еден ден од животот’.
Паоло Коељо

Многу пати гушкањето е најдобра терапија, бидејќи може да ни помогне да се чувствуваме јаки и да продолжиме понатаму.
Гушкањето е најбрзиот начин за комуникација со луѓето, кои ги сакаме, бидејќи кажува многу повеќе од зборовите.

Составувањето на нашите тела во гушкање не’ исполнува со среќа, ни овозможува да бидеме трпеливи и да се опуштиме.
Чувствувајќи се сакано и целосно, го обожуваме мирот, кој ни ја дава топлината на гушкањето и дополнително ја зацврстуваме нашата самодоверба.

Всушност, гушкањето ни овозможува полесно да ја надминеме болката, да им дозволиме на другите да сфатат, како се чувствуваме и да се дозволиме себе си, да ја покажеме нашата љубов и подршка.

Има толку гушкања колку и моменти.

Малку гушкање, може да избрише многу солзи, краток збор полн со љубов, може да не’ исполни со среќа и мала насмевка може да го промени нашиот свет. Тие мали работи го прават нашиот свет и го исполнуваат со љубов и среќа…

Понекогаш гушкањето е само физичко, резултат на контакт на две тела, брз и лесен. Во други случаи, напротив, гушкањето е полно со емоции и е во состојба, да направи да експлодираме и да почувствуваме неописливи емоции.

Постојат гушкања на душата, тие се полни со најчисти и најдобри намери..преку овие гушкања, сфаќаме колку е важен мирот.
Да се гушне животот е најдобрата работа, која можеме да ја направиме за нашата емоционална благосостојба и за доброто на оние околу нас.
На гушкањата не им требаат зборови да кажат се’, тие ја лечат душата, бидејќи постојат гушкања за секоја тага.

Гушкајте ги другите, како што го гушкате животот.
Гушнете го животот, како што ги гушкате другите.
Дали некогаш сте се гушкале себе си?
Дали ја пренесовте топлината?
Дали ја ублаживте својата тага?

Топлината на интимното и лично гушкање, е од суштинско значење за чувството на добра волја.
На тој начин работиме на уметноста на љубовта, го вадиме оклопот, си одиме од студенилото, за да се приближиме кон автентичноста.
Да се гушнеме себе си, значи да се отвориме кон себе си, за да се поврземе од внатре и да тргнеме напред.

Бидејќи допирот на нашата душа го составува нашето внатрешно јас и нашата надворешност.
Ако се гушкате себе си, се сакате.
Ако се сакате,  се запознавате се себе си.
Ако се запознаете себе си, се изградувате.
Ако се сакаме, ги ослободуваме емоциите и овозможуваме добар живот.
Гушкањето е песна напишана на кожата, која не’ штити од лажна љубов, од зависност, од идеализација и од се’ она поради кое сме слаби и сиромашни, чувајќи ја вредноста и добрината која е во нас.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: