Не ги задржувај луѓето во твојот живот

Пополека учам, дека енергијата која е потребна да реагирам на секоја лоша работа која ќе ми се случи, ме спречува да ги видам добрите работи во животот.

Пополека осознавам, дека нема да можам сите луѓе да ги третирам на начин, на кој сакам јас да бидам третирана и тоа е во ред.

Пополека учам, дека нереагирање не значи, дека сум во ред со работите, туку значи, дека бирам да бидам над нив. Избирам да бидам поголема личност. Јас го бирам својот мир бидејќи е тоа она што навистина ми треба. Не ми требаат повеќе драми. Не ми требаат луѓе кои ми наметнуваат чувство, дека не сум добра. Не ми требаат борби, аргументи и лажни врски.

Пополека учам, дека понекогаш кога не кажувам ништо, кажувам се’.

Пополека учам, дека мојата реакција на работите кои ме вознемируваат, всушност му даваат моќ на некој друг да владее со моите емоции. Не можете да го контролирате она што другите го работат, но можете да го контролирате начинот на кој вие реагирате, како постапувате со нив, како ги препознавате и колку лично ќе го примите.

Пополека учам, дека ваквите ситуации не зборуваат ништо за мене а многу за другиот. Пополека осознавам, дека мојата реакција, нема ништо да смени, нема луѓето изненадувачки да ме сакаат и почитуваат, нема чудесно да се сменат. Понекогаш е подобро само да се пуштат работите, да се пуштат луѓето да си одат, без борба, без објаснувања, одговори и не очекувајте луѓето да разберат од каде доаѓате.

Пополека учам, дека животот се живее подобро кога фокусот не е на она што се случува околу вас , туку на она што се случува во вас. Работете на себе и својот внатрешен мир и ќе сфатите ако не реагирате на секоја мала работа, која ви смета е состојка на живеењето на среќен и здрав живот.

Извор : novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: