Забрането е да се плачи додека нешто не се научи,
да се разбудиш а да не знаеш што со себе,
да се плашиш од своите сопствени спомени.
Забрането е да не им се смееш на проблемите,
да не се бориш за она што сакаш,
да се откажеш од се’ поради сопствениот страв,

да ги оствариш своите соништа.
Забрането е да ги оставиш своите пријатели, да не се обидеш да разбереш што заедно сте проживеале,
и да ги бараш само тогаш кога ти се неопходни.
Забрането да не бидеш свој пред другите, да се преправаш пред луѓето кои не те засегаат,
да изигруваш кловн за да те забележат,
и да ги заборавиш сите кои се грижат за тебе.
Забрането е да не направиш се’ за себе, да бидеш уплашен од животот и од она што животот те обврзува,
да не го живееш секој ден до последен здив.
Забрането е некој да ти недостасува без радост,
да ја заборавиш неговата насмевка и очи,
а се’ само поради тоа што тој избрал поинаков пат од твојот,
забрането е да се заборави неговото минато,
и да се замени за неговата сегашност.
Забрането е да не се обидеш да ги разбереш другите,
да мислиш дека нивниот живот е повреден од твојот,
да не осознаеш дека секој има свој пат и слава.
Забрането е да не создаваш сопствена приказна,
да немаш минута за оние на кои си им потребен,
да не разбереш дека живот е она што се дава,

но исто така и она што зема.
Забрането е да не се бара среќа,
да не се живее живот со позитивен став,
да не сметаме дека секогаш можеме да бидеме подобри;
Забрането е да се заборави дека без тебе овој свет не би бил ист.
Leave a Reply