Оној кој навистина сака да те слуше, ќе те слушне и кога молчиш

Ако сакате да бидете гласот на мирот во светот, почнете со тоа мирот да биде постојано во вашиот живот. Вашето повисоко Јас го знае патот и се’ што ви треба е свесност и одлучност, да го слушнете повикот на љубовта, простувањето и добрината, додека ги живеете своите денови.

Еве за што треба да размислите.

1.Морате да понудите мир, за да го имате. Мислете за себе, дека сте мирољубова личност. Обрнете внимание кога вашето его се наметнува, па навредено со нешто, ги поттикнува судирите и конфронтациите со околината.

2.Запомнете дека жалењето носи немир, а комуникацијата мир. Кукањето може да исчезне, ако ја отпуштите навиката да ‘упивате’ се’ во себе, а да вежбате простување. Ако сте лути на некој во вашиот живот, работете на тоа, да комуницирате со таа личност. Неколку моменти на дискусија е доволно, тоа простување да го поништи немирот и да го ослаби влијанието на вашето его, кое обожава анксиозност.

3. Подарете си моменти на мир за себе, секој ден. Иако тоа ќе бидат само неколку минути, искусете го овој клуч . Исклучете ги внатрешните дијалози и видете ја разликата, меѓу константното џагорење и благословот на тивката конекција со Универзумот. Ова е најсигурниот начин, да ја ослабите контролата на егото и да се придвижите, кон внатрешната визија на мирот кое е ваше право од раѓање.

4. Потсетете се дека најдобрата техника, за воспоставување на мир во вашиот живот е да одберете љубезност, ако пред вас се најде избор, да се биде во право или да се биде љубезен. Ова е единствена, најдобра метода за будење на чувството на мир, кое јас го знам. А избор имате во секоја ваша интеракција. Кога вашето повисоко Јас е присутно, тоа секогаш промовира мир. Ако имате дилема дали е тоа вашето его, кое сега зборува или повисокото Јас, одговорот станува очигледен кога ќе се запрашате:’ Дали ова ќе донесе мир или вознемиреност во мојот живот?

Мирот не можеме да го најдеме, во тоа да бидеме во право или да бидеме лути или повредени. Да се работи по секоја цена, да се исправаат погрешните работи, кои ги гледате или приметувате не е потребно, само со разбирање и свесно.

Мир ќе дојде кога ќе станете, оној кој лечи, а не оној кој суди.

Извор: alternativainformacije

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: