Вистинско време да ги пуштите…



Пуштете ги пријателите, неуспешните врски, лошите навики. Отпуштете ги негативните и депресивни мисли, болните сеќавања, негативните луѓе.

Тргнете се’ на време. Не покривајте го своето тело со лузни. Вината е чувство кое ве одалечува од животот и целта. Ценете го својот живот повеќе отколку што ги цените другите луѓе.

Ако приметувате, во некои околности, дека некој својот живот го смета повреден од вашиот, тргнете се. Морате да научите да бидете одговорни за својот живот, пред да станете одговорни за туѓиот.

Никој не е роден како жртва. Научете да се одалечите. Лесно е да се изгубите- да станете некој друг, да живеете туѓ живот, да живеете во друг свет, во друга стварност. Дури не е тешко ни да ги посакувате таквите работи.

Тешко е да се пронајдеш.

Единствено, можете да одредите колку ќе давате. Ако се жртвувате себе си за ништо, не станувате посилни, туку слаби. Научете да се одалечите од сите ситуации. Секогаш ќе го препознаете вистинскиот момент, само верувајте во себе, во својата инуиција и не ги лажете другите.

Без оглед на вашето мислење, не постојат лоши луѓе. Постојат само оние кои се поинакви од нас, а ние не сме одговорни за ничии постапки освен за своите. Се’ што ни се случува во животот, било каде околу нас, се случува со наше допуштање.

Ние создаваме живот таков каков што е. Ние и’ дозволуваме на темнината да владее со нашиот живот и ние го пуштаме стравот да влезе во него. Ние стануваме странци во сопствениот живот.

Да погледнеме околу себе, можеби дојде времето, да се ослободиме од се’. Тешко е да се оставиме се’ околу себе и да се одалечиме, без оглед на туѓото мислење. Тешко е да се оди, но кога ќе дојде вистинскиот момент, заминувањето е нужно.

Оставете ги зад себе опсесивните илузии и наметнатите стравови, но никогаш не заборавајте да сонувате и да се обидувате понатаму. Не се плашете од неуспех- тој само потврдува дека сте се обиделе.

Не се плашете од туѓите реакции, бидејќи ништо не можете да предвидите пред да се случи, дури и кога тоа го можете- стравот е бесмислен. Она што треба оставете и продолжете.

Секогаш сме свесни за своите желби. Ги паметиме сите оние моменти кога сме очекувале дека нешто ќе добиеме, но никогаш не размислуваме околу тоа, од што животот не’ поштедил.

Вистината е многу едноставна. Се’ доаѓа во право време, дури и чудата. Затоа треба да си одите на време, да се отпуштат работите и никогаш никој да не ве стега.

Бидејќи ако останете подолго, таму каде што не сте задоволни, сценариото на животот ќе продолжи да се повторува- само други глумци ќе ги играат улогите.

by Рита

One thought on “Вистинско време да ги пуштите…

Add yours

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: