Не губете време, не сожалувајте се себе си

Не губете време, не сожалувајте се себе си. Ментално јаките луѓе не седат со скрстени раце, сожалувајќи се и не плачат на своите животни околности и не кукаат на однесувањето на другите луѓе кон нив.

Наместо тоа, тие превземаат одговорност за својата улога во животот и го прифаќаат фактот, дека животот не е секогаш лесен и фер. Не им ја даваат својата моќ на другите луѓе.

Тие не им дозволуваат на другите луѓе да ги контролираат, не и даваат на другата личност власт над нив. Не кажуваат во стилот: ‘Поради мојот шеф се чувствувам лошо’- бидејќи тие разбираат дека имаат контрола над своите емоции и дека сами го прават изборот како ќе реагираат.

Не бегаат од промена, наместо тоа тие прифаќаат позитивни промени и подготвени се да бидат флексибилни. Тие разбираат дека промената е неизбежна и веруваат, во своите способности да се прилагодат. Не губат енергија на работи кои не можат да ги контролираат. Нема да слушнете, како тие луѓе да се жалат поради сообраќајната гужва.

Наместо тоа, тие се фокусираат на она што можат да контролираат во нивниот живот. Тие знаат дека единствено можат да го контролираат нивниот став. Не настојуваат да ги задоволат желбите на другите луѓе.

Ментално јаките луѓе препознаваат дека не треба да им угодуваат на сите цело време. Тие не се плашат да кажат ‘НЕ’ и да го бранат свој став кога е потребно.

Тие настојуваат да ги остварат своите цели и да ‘држат’ до себе, а истовремено да бидат љубезни, фер и да го почитуваат правото на другите луѓе.

Не се плашат да превземат пресметани ризици. Ментално јаките луѓе поминуваат време, во вагање на ризиците кои можат да ги користат при донесувањето на одлуките и во потполност се запознаваат со потенцијалните недостатоци пред да превземат акција.

Не размислуваат премногу за минатото, ниту губат време во задржување на минатото, ниту пак посакуваат работите да бидат поинакви.

Тие добро го признаваат своето минато и извлекуваат поуки и лекции од него. Меѓутоа, тие не ги оживуваат лошите искуства од минатото и не фантазираат за славните денови во иднината.

Наместо тоа, тие живеат во сегашноста и ја планираат иднината. Не ги прават истите грешки повторно и повторно. Ментално јаките луѓе прифаќаат одговорност за своето однесување и учат од своите предходни грешки. Го продолжуваат својот пат и носат подобри одлуки во иднина.

Не им завидуваат на другите луѓе за нивниот успех. Ментално јаките луѓе ги ценат и почитуваат успесите на другите луѓе во животот. Тие не чувствуваат љубомора и не се чувствуваат предадени кога другите ќе ги надминат.

Наместо тоа, тие признаваат дека успехот доаѓа со напорна работа и секој треба да ја искористи својата шанса за успех. Не се откажуваат по првиот неуспех.

Ментално јаките луѓе не го гледаат неуспехот како причина да се откажат од својата цел. Наместо тоа, тие го користат неуспехот како прилика за развој и подобрување. Тие се подготвени да се обидуваат се’ додека не го остварат својот сон. Не се плашат да бидат сами. И да не се плашат од тишина. Тие не се плашат да бидат сами со своите мисли и користат таква пауза за да бидат продуктивни.

Тие уживаат во самотијата. Не очекуваат брзи резултати и успех преку ноќ. Било да се работи за подобрување на своето здравје или добивање нова работа, менталното јаките луѓе не очекуваат брзи резултати. Намести тоа, тие ги усовршуваат свои вештини и прават најдобро што можат и прифаќаат, дека за вистински и големи промени е потребно време.

Извор: kronervijesti

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: