Ја научи како да престане да те сака

И не можеш да се сетиш на сите оние ‘ситници’ за кои ти зборуваше. Никогаш не си прашал за нејзините чувства. Ја научи, никогаш да не и’ бидеш пријател. Немој да се изненадиш кога ќе откриеш дека повеќе не си во нејзините планови.

Ја научи да ја планира својата иднина без тебе. Ја научи, секој пат кога и’ рече ‘НЕ’.

Немој да се изненадиш кога ќе откриеш дека повеќе не и’ недостигаш кога не си тука. Ја научи, кога секој божји ден се однесуваше како нејзината присутност да не влијае на твојот живот. Никогаш не си и’ рекол дека ти недостасува. Никогаш не си и’ рекол дека ја сакаш.

Од друга страна, таа никогаш не почувствува дека го обогатува твојот живот на смислен начин. Немој да се изненадиш кога ќе ги игнорира твоите повици и пораки. Таа беше единствена која не ја загрози вашата врската. Таа беше секогаш подготвена да го менува својот распоредот за да ги задоволува твоите потреби. Ти, за возврат, никогаш не ги запозна нејзините.

Таа секогаш се бореше за вас и за вашата врска. Секогаш вложуваше во вас, се додека конечно не сфати да вложува во човек на кој не му е гајле.

Немој да се изненадиш кога ќе видиш како се одалечува од тебе. Повторно си наоѓа своја смисла. Конечно сфати дека заслужува повеќе од некој кој ја зема здраво за готово.

Знае веќе дека заслужува некој кој никогаш нема да направи да се чувствува невидлива. Немој да се изненадиш кога ќе откриеш дека големата страст се претвори во мраз.

Немој да се изненадиш кога нејзините слатки зборови и внимателна природа стане горчлива.

Немој да се изненадиш, кога ќе видиш како те гледа тебе и не чувствуваш ништо.

Затоа запомни: ја научи како да престане да те сака. И конечно, немој да се изненадиш кога ќе си оди од тебе бидејќи никогаш не си дал причина да остане.

Извор: mislipozitivnо

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: