Еден ден ќе сфатиш колку заслужуваш…


Не прифаќај љубов поради која се чувствуваш шупливо и празно одвнатре, само затоа што ги трошиш ‘во ветар’ сите делови од себе- за него. Не се согласувај на љубов која до крај ,не те исполнува со желба и страст.

Не се согласувај на љубов која не е урамнотежена. Само дека мислиш – ‘го сакам’, затоа и остануваш со него. Всушност остануваш, бидејќи сакаш да веруваш, дека тој е поголем од тоа што е. Сакаш од него да ја извлечеш онаа страна, која ја покажуваше кога го запозна. Сакаш да ги срушиш неговите зидови, бидејќи мислиш дека само тогаш во потполност ќе те пушти внатре.

Можеби тој ти дава најмногу што може, но тоа не смее тебе да ти  биде доволно. Некои луѓе сакаат појако и подлабоко и тоа не е лоша работа. Едноставно е. Значи, треба да бидеш со некој, кој може да сака подеднакво како што сакаш и ти. Треба да бидеш со некој поради кој се чувствуваш задоволно во секој поглед, бидејќи вашите срца се наоѓаат на едно подлабоко ниво.

Лепотице, мислам дека знаеш дека љубовта и врските, се повеќе од ова што ти имаш, бидејќи си паметна. Немој да се согласиш на личност, поради која не ги чувствуваш пеперутките во стомакот, само затоа што се плашиш да бидеш сама и се плашиш да живееш без него. Страшно е да си сакан, но понекогаш тоа е потребно. Понекогаш треба да се тргне во друг смер, кој повеќе исполнува. Понекогаш да си одиш е најдоброто што можеш да го направиш. Ти треба некој со кој ќе вибрираш заедно позитивно, некој кој те инспирира да бидеш подобра и да работиш подобро.

Ти треба некој кој дели сличен поглед на живот, а знаеш дека таква љубов можеш да пронајдеш.

Најтешкиот дел од заминувањето, секако, не е сознанието дека можеш да имаш нешто подобро, туку дека работите ќе бидат потешки кога ќе го напуштиш. Ќе се чувствуваш осамено, но сама ќе почнеш да се исцелуваш. Ќе се пронајдеш себе и ќе научиш нешто од минатото. Ќе сфатиш дека работите не биле така добри како што самата постојано се убедуваше и ќе видиш, кога ќе одлучиш дека ќе се чувствуваш потполна кога си сама.

Ќе најдеш страст и љубов на необични места и ќе сретнеш, некој кој ќе те сака од длабочината на срцето. Ќе сфатиш колку заслужуваш. Ќе доживееш љубов кон која моментално тежнееш а не ја добиваш.

Сета љубов во неговото срце можеби не е доволна за тебе и тоа е во ред. Не може секој да сака подеднакво и потполно длабоко колку што ти можеш.

Напуштањето на непотполна љубов е тешко, но заслужуваш да се чувствуваш вредна за вистинска љубов бидејќи ти тоа си.

Извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: