Една наша длабока и искрена желба е да му се приближиме на некој. Од тој момент, почнуваат да се склопуваат врски, маж и жена влегуваат во игра, но она што се случува пред тоа- привлечноста која ги споила- тоа е нешто што е невозможно да се објасни.
Тоа е неоптоварена желба, во најчист облик. И додека таа желба е во чист облик, мажот и жената се вљубуваат во животот, проживувајќи го секој момент, со полна преданост и свест, очекувајќи го постојано вистинскиот момент за објавата на посветувањето.
Луѓето во таа состојба, не чувствуваат никакво брзање, не ги забрзуваат настаните со непромислени постапки. Знаат дека ќе се случи она што е неизбежно, дека вистината секогаш ќе го најде начинот да се покаже.
А кога ќе чукне часот, не се двоумат, не ја пропуштаат приликата, не губат ни еден волшебен час, бидејќи ја почитуваат вредноста на секоја секунда.
Паоло Коељо
Leave a Reply