Што е вистинската причина за болест

Дебелината е резултат на чувствителност, проблемите со кожата укажуваат на стрес и потиснати емоции а ракот е последица на отровни мисли- предупредува Луиза Хеј во својата книга.

Во 90- 95 одсто случаи, причина за разни болести се мисловните процеси. Ако ве мачат главоболки, веројатно сте самокритични кон себе, се омаловажувате и се плашите. Решение има,само треба да се засакате и потполно ќе се прифатите.

Ако страдате од мигрена, најверојатно причината е дека не ви се допаѓа другите луѓе да управуваат со вас и поради тоа давате отпор во текот на животот. Ќе го решите тоа така што се’ ќе отпуштите, следејќи го текот на животот, дозволувајќи да ви даде се’ што ви е потребно, порачува Луиза Хеј, авторка на бестселерот ‘Како да го исцелиш духот и телото’.

Запомнете, начинот на размислување може да предизвика болест. Луиза советува, со промена на мисловните процеси ќе бидете здрави. Трајните облици на размислување и говор одредуваат реакции на организмот, односно болест. Така на пример, причината за се поголемиот број депресии најверојатно се крие и во уверувањето дека немате право да чувствувате бес или безнадежност.

Почнете да се воздигнувате над стравовите и ограничувањата на другите и создавајте сопствен живот, советува Луиза.

Иако мисловниот образец кој довел до некои болести не важи за секој човек, тој дава појдовна точка во потрага за причината на болеста.

Се’ поголем број несоници и страв, недоверба во животниот процес или вина е предуслов за многу болести. Луиза препорачува со љубов да го почнете денот, тоа е најдобрата превентива и лекот за сите болести.

Ако имате проблем со дебелината, веројатно сте прететано осетливи. Покажувате потреба за заштита а стравот во вас го покрива потиснатиот бес и имате отпор при простувањето.

Обидете се да мислите дека сте секогаш сигурни и заштитени. Превземете одговорност за својот живот и простете им на другите, тврди Луиза.

Анорексија или булимија преставуваат негирање на сопствениот живот и тие се краен облик на омраза кон себе. Таа омраза се сведува на омраза кон некоја мисла која за себе ја негувате. Важно е да се прифатете себе си такви какви што сте и да одберете радост.

Исто така, кожата ја претставува вашата индивидуалност, а проблемите со неа значат дека се чувствувате загрозено. Причините за проблемите со кожата најчесто е стрес и страв дека нешто ве загрозува или ви се обновуваат некои стари потиснати проблеми. Ќе ги решите така што ќе бидете грижливи кон себе, потполно ќе се прифатите и ќе си простите заборавајќи го минатото.

Ракот е болест предизвикана од длабински и долготрајни занемарувања кои ги носите во себе додека буквално не ве ‘изеде’. Тоа е длабока тајна или тага која ве јаде или омраза која долго трае. Според Луиза Хеј, која го победи ракот на грлото на матката, клучот на излекувањето е во љубовта кон себе и прифаќањето на сопствената личност. Ако боледувате од неизлечива болест, вие немате магично стапче со кое ќе бидете излечени со надворешни сретства. За да се излечите, мора да навлезете длабоко во својата внатрешност. Болеста која дошла од ‘никаде’ така може и да исчезне. Само морате да верувате во чуда.

Во сопствената внатрешност растворете го образецот по кој болеста ја направил и почнете да го прифаќате божественото исцелување, вели Луиза Хеј.

Страв и бес е еднакво на болест. Се манифестираат низ разни чувства и така го трујат телото. Кога ќе се решите од такви мисли, органите почнуваат правилно да функционираат.

извор: zdravaisretna

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading