Емоциите се гласници кои не’ известуваат дека во себе носиме одредени уверувања. Емоциите се движат на скала од потполно ниски и негативни па до оние многу високи, врзани за чувство на љубов и радост. Низ одредена емоција во секој момент можеме да откриеме многу за себе. Посебно ако сме долгорочно пратени од одреден тип на емоција како депресија, малодушност и сл.

Тогаш треба да се запрашаме кое уверување допринесува константно да се ‘одржуваме’ на најниската емоционална скала. Во секој случај, несаканите емоции, губиток на енергија и животната радост, упатуваат на незадоволство со себе, со своето здравје, семејствотото, начинот на живот, работата која ја работиме, финансиите. Секогаш постојат многу причини( уверувања) кои ги поврзуваме со нашата состојба.
Незадоволството со себе и со својот живот, нас константно не’ одржува на ниски вибрации и не’ вовлекува во се’ поголема состојба на незадоволство. Од таа причина подлегнуваме на разни модели на негативно однесување, од кое критиката е најштетниот облик на изразување на сопственото незадоволство. Велат светот не го гледаме онаков каков што е, туку онакви какви што сме. Повеќето од нас сигурно ќе го потврди фактот дека во моментот, кога сме задоволни и исполнети, ретко кога ни паѓа на памет да размислуваме за другите и да ги критикуваме. Некогаш сме толку окупирани со својата среќа, што другите околу нас ни стануваат драги и можеме без проблем да ги гушнеме и да ги бакнеме.

Во некои други околности, кога сме нервозни и незадоволни, истите луѓе не’ иритираат, во сообраќајот стануваме нервозни, ни сметаат гужвите по улици, во се’ наоѓаме мани и стануваме совладани од критицизмот.
Трачот и оговарањето на другите луѓе, произлегува од незадоволството од сопствениот живот. Токму кога оговараме и ја критизираме колешката од работа која облекла прекратка сукња или се забавува со женет шеф, треба да се запрашаме со кој сегмент од својот живот сме незадоволни, што не’ потикнува на критицизам. Личностите кои се занимаваат со такви работи ни даваат повеќе информации за самите себе отколку за тие кои ги оговараат и критизираат. Постојат личности кои во животот не успеале во некои намери и тогаш почнуваат да забележуваат дека секој ‘сељак’ успеал во градот, секоја ‘курва’ има повеќе пари од него, вози подобар автомобил и сл. и со тоа всушност зборува најмногу за своите уверувања.
Ние навистина секогаш треба да се занимаваме само со себе и можеме да го менуваме само својот дел од светот. Нашата паралелна реалност секогаш одговара на личната вибрација и го осликува она во што веруваме. Ние треба да знаеме дека некој ‘сељак’ кој дошол во градот не може никако да ни го земе она што нас ни’ припаѓа ниту некој треба тоа да ни го ускрати.

Квалитетот на нашата енергија, во состојба на критицизам е многу низок и незадоволен за создавање на било каков успех. Ние сме, колективно, на овие простори во една масовна состојба на критицизам кон државата и луѓето на власт. Тоа не ни помага во процесот на самостварување, без оглед колку тој критицизам бил оправдан, ние навистина штета си нанесуваме себе си бидејќи се држиме во ропство на незадоволството, кое е во колерација со ниските вибрации, кои ги внесуваме понатаму во нашето семејство, дом, лични односи и сл.
Паралелно со било каков критицизам, во нашето енергетско поле се вовлекуваат разни негативни емоции, па посебно на овие простори вибрираме на ниво на жртва и попримаме колективно сивило. Од друга страна, ако се вратиме на лично ниво, ќе забележиме како често го насочуваме критицизмот кон самите себе.

Некогаш тој произлегува од уверување дека другите имаат лошо мислење за нас, кое всушност произлегува од лошото мислење за самите себе и уверување дека во животот нешто сме направиле погрешно поради кое мислиме дека не сме вредни за почитување и уважување.
Тоа може да биде силно поврзано со чувството на вина кое го влечеме од семејните односи. Нашите родители, веројатно од сопствената несвесност и незнаење, нашата животна енергија ја оптеретиле со вина од некои нивни фрустрации и незадоволство со себе. Навистина, ништо не може така силно да ја извлече животната есенција и енергија од нас како животот со чувство на вина.
Бидејќи сме ‘виновни’ што сме се родиле и што ги мачевме нашите родители со своето присуство, бидејќи не се снашле најдобро со нас во своите животи, ние носиме нерасчистени сметки од мали нозе. Многу долгови се натрупале, бидејќи не сме ги решиле на време, никогаш не сме се пресметале со родителите. Затоа сме растеле, принципиелно незадоволни од себе, значи со голема доза на критицизам кон себе.

Што може личност која растела со критика да им понуди на другите, освен критика. Велат дека, ако го стиснеме портокалот, од него може да излезе само сок од портокал, ништо друго. Исто така, во разни животни околности, од нас излегува само нашата есенција, нашиот сок или отров кој се наоѓа во нас.
Резултатите кои ги имаме се секогаш во согласност со нашата есенција, се рефлектираат во нашите односи, финансии, работа и сл. Ако е навистина отров што го носиме во себе, тогаш тој ќе се види во критицизмот упатен кон другите, лажење, неверство и оговарање.
Оној кој навистина не е задовилен од себе и кој навистина се почитува себе си, сигурно нема да залева отров во светот околу себе. Нашата сопствена болка никогаш нема да ја исцелиме со нанесување на болка на другите, нашето чувство на вина нема да го исцелиме така што ќе им ја наметнеме на другите таа вина, нашиот критицизам и незадоволство со себе нема никогаш да ги исцелиме така што на другите ќе им упатуваме критика. Само ќе влегуваме во се’ поголеми конфликти и ќе се одалечуваме од она што можеме изворно да бидеме, а тоа допринесува на се’ поголема состојба на незадоволство и секогаш ќе имаме емоција како показател каде сме моментално.
Ако не сме задоволни со таа емоција, имаме аларм дека не сме таму каде што сме. Ситуацијата е алармантна посебно тогаш кога сме долго во некоја состојба на депресија и незадоволство, тоа е едноставно знак дека не се вклопуваме со своето нефизичко јас, како воз кој излегол од шините.

Иако можеби сите, во поголема или помала мера некој сме го повредиле во животот, сигурно во некој момент од животот сме сфатиле дека не се гордееме со тоа и дека посакуваме да ги промениме некои сегменти од минатото. И се’ е добро додека се преиспитуваме себе си и се бавиме со својата душа.
Проблемот доаѓа тогаш кога не увидуваме колку и’ штетиме на нашата душа, верувајќи дека’ не оговараме, туку ја пренесуваме вистината’, верувајќи дека не го лажеме партнерот туку ‘ си угодуваме себе си’…треба да знаеме дека се’ што работиме- си работиме себе си, за свој напредок или уназадување, сметките уредно се натрупуваат во фиоката.
И она што можеби е најважно е фактот да било каква нерешена енергетска врска помеѓу нас и друга личност, остава отворено прашање кои ни ја црпи енергијата. Било какво вмешување во енергијата на друга личност, да речеме со оговарање, ние активираме одредени кармички последици и книжиме на својата сметка одреден терет.

Тој укнижен терет може навистина да се одрази на нашите финансии, дека токму сега сме во минус во животот, едноставно по принципот на инстант карма да дојде до наплата во некој сегмент во животот. Ако во животот општо ни е лошо во полето на финансии или здравје и сл. тогаш не ни треба погрешна состојба со тие негативни енергетски вмешувања, бидејќи сме веќе во минус и само додатно го зголемуваме.
Сите имаме некои сегменти од животот кога сме енергетски јаки а некои каде сме енергетски слаби, исто како што имаме органи во телото кои се енергетски слаби па постојано имаме еден те ист здравствен проблем, бидејќи стресовите и конфликтите секогаш се одразуваат на најслабиот орган.
Ако сме доволно енергетски јаки и задоволни, таквите негативности нема да ни требаат нити ќе се занимваме со нив. Имаме законитост која вели дека секогаш и секогаш, причината за влегување во негативност е фактот дека веќе во нас постои енергетска слабост и одлив на енергија, односно незадоволство и конфликт. Наместо да паѓаме во негативни состојби, треба да се бавиме со себе и да се бара начин да ја поправиме сопствената состојба, бидејќи нема да го поправиме ако се повеќе им се предаваме на негативните програми на однесување, туку обратно, кога во секоја прилика даваме отпор и се издигнуваме над поривот за критизирање, оговарање, лажење и неверство.
Дури тогаш можеме да сметаме дека енергијата ќе работи за нас, бидејќи, во својот живот имаме доста ситуации во кои мораме да се победиме себе си, односно, да се надмине ‘стариот’ себе и да се создаде нов и подобар себе.
Leave a Reply