Како да не се оптоварувате, за грешките на другите луѓе?

Веројатно сте слушнале многу за токсичните односи, оние кои не придонесуваат ништо за вашата среќа. Но, сепак, некои од нас сеуште тешко да ги препознаат овие луѓе, кои ги гаснат нашите шанси, за остварување на среќа во животот. Или уште полошо, тие кои изгледаат како да даваат се’ од себе, само имаат желба да не’ турнат  надолу.

Но, за да ви помогнеме во тоа, овде објаснуваме како можете да ги препознаете токсичните луѓе од првиот момент кога ќе ги сретнете, така да можете да побегнете од нив, што подалеку можете.

Се чувствувате уморно по разговорот со нив и тоа е, еден од најдобрите начини да ја идентификувате личноста, која е способна да ја угуши вашата среќа. Се чини, дека се забавувате во одреден момент и можете да зборувате со часови со нив. Но, кога е готово, се чувствувате исцрпено и не сте во состојба да работите ништо друго. Чувтвувате лутина по разговорот со нив.

Некои луѓе се големи провокатори. Им се обраќате за да добиете некаков совет за нешто, а се’ што на крајот добивате е чувство на лутина и нервоза. Тие ќе ви предлагаат освета или ќе ви свртат внимание, на сите страшни детали во вашата приказна која уште не сте ја приметиле. Се чувствувате депресивно по тој разговор со нив. Дали некогаш сте разговарале со некој, затоа што сте се чувствувале лошо, а кога го завршувате разговорот, имате чувство дека вашиот живот е готов? Ако да, знаете дека сте се сретнале со токсична личност, која има песимистички стил.

Таквите личности, никогаш нема да ја видат светлата страна од ништо, мислат дека животот е секогаш грозна катастрофа и дека нема смисла да се вложува труд. Чувствувате, дека треба да се грижите за нив.

Без оглед колку е развиен вашиот родителски инстикт, личноста која се наоѓа пред вас е возрасна личност. Значи, не треба да се оптеретувате кон нив, како да се деца. Но, некои луѓе ја имаат таа способност да ве натераат да се чувствувате, дека мора да се грижите за сите нивни потреби, а она што ќе имате е, лошо мислење за себе по разговорот со нив.

Една од најлошите врсти на отровни луѓе, се оние, кои кај вас предизвикуваат, да имате лоши уверувања за себе. Тие ќе ви ја покажат секоја ваша грешка, која ќе ја направите и сите ваши слабости. Тие секогаш се’ знаат подобро од вас и ќе дадат, се’ од себе да ве уверат, дека не можете да си честитате за никакво постигнување.

Се чувствувате како да ги следите нивните правила. Вие сте возрасни, имате право да носите одлуки и да ги трпите нивните последици, ако е потребно. Но, вакви токсични личности се контролори и нема да ви дозволат ништо да направите без нивно одобрување. Всушност, поголемиот дел од времето, нема да ви биде дозволено ни да предложите нешто, туку да следите она што тие сакаат да направите со својот живот.

Чувствувате, дека тие ќе умрат, ако ги оставите. Некои луѓе меѓусебната зависност, ја подигаат на следно ниво и зборуваат како ќе бидат депримирани, како ќе умрат ако ги напуштите или дури и дека ќе извршат самоубиство. Тие ќе ве уценуваат со солзи и примедби и ќе ви создадат, буквално чувство за одговорност за нивните животи.

Да се заборави и прости се две различни работи. Заборавањето, се потпира на способноста на мозокот да избрише нешто од својата архива, простувањето е избор на срцето. Значи, во ред е ако личноста не може да заборави што сте направиле, но нема да треба, постојано тоа да ви се става под нос. Тоа е само начин, на кој ве држи под контрола, играјќи се со вашата грижа на совест.

Чувствувате пасивно- агресивен став кон вас. Ја знаете таа врста. Тие се лоши односи за вас, ве оговараат зад грб, избегнуваат контакт со очите и така натаму. Тие ќе разговараат со другите за вас, но не и со вас.

Ќе чувствувате дека нешто ве кочи. За секој однос треба време и посветеност за да напредува. Морате да се посветите и да почувствувате, што таа личност прави за вас. Но, некои луѓе прават да се чувствувате, несигурно цело време и секогаш ќе ве држат на дистанца. Тие се тука, но, знаете дека нивното срце, не е со вас. Тоа може да биде страв од обврски, но нивното однесување прави постојано да се чувствувате лошо.

Ако се сретнете со било која врста на овие луѓе, би требало да се тргнете од нив. Ако се веќе во вашиот живот, време е да процените дали е вредно да останете со нив. Понекогаш, тоа не е едноставно и не може да се изведе преку ноќ.

Вие исто така, треба да им дадете прилика да се промени, давајќи до знаење, дека нема повеќе да прифаќате такво однесување. Но, треба да се повлече црта во некоја фаза. На тој начин ќе бидете сигурни дека нема да се разболите, да бидете депресивни или да се грижите за грешките на другите луѓе.

Извор: Atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: