Не треба да се жали за ништо..се’ има своја цена

Денес наполнив 40 год. Животот не испадна онака како што се надевав. Некои работи, беа и подобри отколку што ги замислував дека ќе бидат, додека од друга страна и разочарувањата и моите очекувања беа големи.

Еве што научив на долгиот пат кој траеше 40 години:

40. Единствената личност која треба да ја слушаш си Ти. Престани да глумиш и биди тоа што си!

39. Луѓето нема да те сакаат. Тоа е ОК. Има доста луѓе кои те обожаваат- фокусирај се на нив!

38. Како стануваш постара, тоа не значи дека ќе станеш мудра жена. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Биди паметна, учи на своите грешки на време и не ги повторувај.

37. Ти најдобро знаеш се’ за себе, затоа не барај совет од другите. Своите проблеми решавај ги сама!

36. Слушај што ти зборува срцето, а мозокот пополека ќе дојде до остварување на желбата, чекор по чекор.

35. Не знаеш секогаш, она што не знаеш. Некогаш дури по патот, можеш да дојдеш до загинатите делови на своето знаење. Затоа, терај само напред и ќе научиш се’ што ти треба.

34. Грешките се неминовни. Тоа е живот. Не постои личност на планетата која не греши.

33. Никогаш не слушај, кога ти велат тоа не е возможно. Се’ е можно ако ти одлучиш да успееш.

32. Никој не знае што го чека во иднина.

31. Ако некој каже, дека може да ги предвиди идните случувања, биди внимателна.

30. Верувај во своите сништа, дури кога сите мислат дека си луда.

29. Престани да се нервираш. Ти треба здравјето, а стресот го уништува.

28.Сонот треба да биде, најмалку 7 часови во текот на ноќта, за да можеш да функционираш.

27. Води сметка за твоето тело. Тоа е храм на твојата душа!

26. Кажи она што мислиш. Секогаш одржи го ветувањето, без оглед колку тоа ќе чини.

25. Самодовербата се стекнува, ако се фрлите во живот.

24. Искушенијата се моментални, а последиците траат за цел живот. А цел живот е долг период!

23. Плановите понекогаш ќе се изјаловат. Затоа секогаш имај план Б, за да можеш да се движиш напред.

22. Секогаш следи го својот план, меѓутоа води сметка да го корегираш како времето минува. Ништо не гледај на слепо, прошири ги видиците.

21. Работи паметно а не вредно.

20. Вистината е секогаш најдобра, без оглед колку некогаш звучи лошо. Подобро да знаеш, отколку да нагаѓаш и слепо да веруваш.

19. Сакај се себе си. Само ако се почитувате себе си, другите ќе ве почитуваат.

18. Биди љубезна- секогаш!

17. Нема секоја љубовна врска, да трае цел живот и тоа е сосем ОК.

16. Твојата работа не е да им држиш на другите лекција. Доволно е да даваш добар пример со својот живот.

15. Ако си родител, секогаш води сметка, бидејќи децата работат она што гледаат од тебе.

14. Промена на барањата, посветеност, дисциплина и повторување.

13. Фокусирај се на сегашност.

12. Што и да правиш сега, во мислите нека ти биде твојата иднина.

11. Пушти го минатото нека оди во заборав.

10. Не можеш да го промениш човекот. Или прифати го или продолжи без него.

9. Секогаш сослушај го туѓото мислење. Кога ќе престанеш да слушаш, ќе престанеш да учиш.

8. Преиспитај се’. Тоа е единствен начин да ги направиш работите како треба.

7. Твоите уверувања ја дефинираат твојата личност, затоа внимателно избирај ги.

6. Ќе бидат многу угорници, на твојот животен пат. Не бори се, научи правилно да ги совладаш.

5. Твојот ум е моќен. Инвестирај во него, учи секој ден!

4. Потсети се од време на време, на својата смртност и негувај ја својата душа.

3. Однесувај се кон другите на ист начин, на кој сакаш да се однесуваат кон тебе.

2. Да се биде среќен е работа на одлука.

1. Се’ додека не се откажеш од животот, животот нема да се откаже од тебе.

Извор: stil.kurir.rs

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: