5 животни лекции кои можете да ги научите од мачките

Луѓето кои ги сакаат кучињата а не ги сакаат мачките често ќе кажат дека кон овие животни немаат симпатии затоа што не се така мили и разиграни како кучињата, туку имаат свој став и своја волја.

Мачките се галат  тогаш кога тие сакаат и подобро да ги оставите на мира кога не се расположени за игра. Сакале или не, мораме да признаеме дека мачките многу подобро ја сфатиле поентата на животот од кучињата, како и од повеќето луѓе на овој свет, бидејќи држат до себе и работат она што нив им се прави тогаш кога сакаат и генерално не се склони кон беспотребни компромиси, за разлика од кучињата.

Затоа денес, еве научете некои од највредните лекции на кои волшебните мачки не’ учат.

1.Те сакам ама себе си се сакам повеќе. За мачките често се зборува дека не сакаат никој освен себе си, што апсолутно не е вистина- но вистина е дека себе си се ставаат на прво место. Повеќето луѓе тоа никогаш не го прават, бидејќи сметаат дека е себично, но една мачка навистина никогаш нема да разбере што е лошо во тоа што прво води сметка за своите проблеми.

На сите нас во животот би ни било подобро и поубаво кога би можеле да научиме да се слушаме себе си и да работиме што ни се работи и што ни годи, а не како што прават кучињата, постојано да ги слушаме другите и да трчаме по нив за да им угодиме.

2. Не прифаќај ‘НЕ’ како одговор

Ако е гладна, мачката нема да седи и мирно да чека вие да се разбудите и да се сетите да ја нахраните, туки ќе ви се качи на креветот и нема да ве остави на мир се додека не и дадете за јадење и не и посветите внимание кое го сака. Исто така, ако не и’ е исчистен песокот, намерно ќе врши нужда на тепихот или покрај кутијата со песок, се додека не ја сработите вашата работа и не го исчистите она што треба да се исчисти.

Знаете зошто мачката тоа го прави? Затоа што мачката знае што сака, знае како тоа да го добие и не се откажува од својата цел додека не ја постигне. Во овој сегмент, луѓето мораат што побргу да се огледаат на непокорливата мачка.

3.Луѓето се однесуваат кон вас онака како што ќе им дозволите.

Една од вашите главни задачи е да ги научите луѓето како да се однесуваат кон вас и да им дадете до знаење дека нема да се согласите на ништо помалку од тоа. Мачките тоа одлично го работат. На пример, ако сака да се гали, нема да престане да ви се мотка околу нозете се додека не почнете да ја галите- но, ако повеќе не сака да се гали- ќе ги искористи канџите тоа јасно да ви го даде до знаење.

Луѓето така учат, кога мачките сакаат а кога не, да се галат и се однесуваат во склад со тоа. Мачката е таа која одлучува како луѓето ќе се однесуваат кон неа и мачката по ова прашање е многу подобра од  луѓето, кои никако да сфатат дека кон нив ќе се однесуваат како ќе им дозволат.

4.Водете сметка за себе

За разлика од кучињата кои сосем опуштено со денови ќе шетаат по кал и нема да забележат никаков проблем во тоа, мачката повеќето од времето ќе го помине во чистење на своето крзно. Мачката води сметка за себе и нема да дозволи да биде запуштена.

Кога и се спие, таа спие; кога е гладна- јаде, ама умерено, не како кучињата без мерка, туку повеќе пати по малку во текот на денот. Звучи глупаво, но мачката многу подобро сфатила како да биде среќна од повеќето луѓе,  кои за себе не се грижат.

5.Продолжете понатаму

Една од најпознатите работи во врска со мачките е тоа што секогаш се дочекуваат на нога- имаат падови, но не дозволуваат тие да ги успорат или да ги тргнат од патот на кој се наоѓаат. Не само што ќе се дочекаат на сите четири нозе, туку ќе продолжат пополека да се движат а да не се свртат позади себе.

На сите одвреме на време ни се случуваат помали или поголеми животни падови, но само ретки ќе научат веднаш да станат, да ја истресат прашината и да продолжат понатаму. Поголемиот број за жал, останува да лежи и да се сожалува себе си- што е лошо за нив самите.

извор: Noizz.rs


Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: