Денес можеш да му се јавиш на твојот пријател. Денес можеш да се тргнеш од својата летаргија, мрзеливост и да не бидиш заспан, почнувајќи нов живот.
Денес можеш да се исповедаш и да го тргнеш од себе сиот терет. Денес можеш да почнеш да учиш за испит. Денес можеш да почнеш да вежбаш за да не бидеш нервозен и напнат.
Денес можеш да се откажеш, простиш, да се жртвуваш, подаруваш. Денес, всушност можеш да го обогатиш својот ден кој во спротивно ќе те оптеретува, ќе те прави нерасположен и конфузен.
Пред тебе е всушност живот или “смрт”. Од тебе зависи што ќе биде. Ти бираш.
by Рита
Leave a Reply