Никој не може да се врати и да го смени почетокот, но секој може денес да започне во создавање на нов завршеток

Кога ќе престанеме да трчаме по грешните работи во животот, му даваме шанса на добрите работи да ни се случат.

Затоа треба да работиме повеќе добри работи, за да го смениме својот живот, всушност доволно е само да се елиминираат ‘лошите работи’ кои веќе ги работиме.

Никој не може да се врати и да го смени почетокот, но секој може денес да започне во создавање на нов завршеток. Тоа е најблиску до вистината…

Пред да го започнете овој процес на трансформација, размислете дека треба да престанете да работите она што ви смета.

Еве кратка листа на она што не би требало да работите од денес…

1.Не замерувајте

Не го живејте својот живот со омраза во срцето. На крајот повеќе ќе се повредите себе отколку луѓето кои ги мразите. Простувањето не значи само: ‘Она што го направи не е ок’. Простувањето значи:’ Нема да дозволам она што го направи засекогаш да ја наруши мојата среќа.

Во простувањето лежи одговорот..отпуштете, најдете мир, ослободете се! И запомнете, простувањето не е само за други луѓе, тој важи и за вас. Потребно е да си простите себе си, да се продолжи и да се обидете подобро следниот пат.

2.Не се оптеретувајте со старите грешки.

Можеме да сакаме погрешна личност и да плачеме поради лоши работи, но без оглед колку лошо ни оди, една работа е сигурна, грешките ни помагаат да ја пронајдеме вистинската личност и вистинските работи за нас. Сите ние правиме грешки, имаме свои борби и жалиме за некои работи од минатото. Но, вие не сте вашите грешки, вие не сте вашата борба, вие сте овде и сега и имате моќ да го обликувате својот ден и својата иднина.

Секоја работа па и онаа најмала, која ви се случила во минатото ве подготвила за моментот кој треба да дојде. Тој момент нека биде сега!

3.Не го поминувајте времето со погрешни луѓе. Животот е прекраток за да го поминувате со некој кој ви ја одзема среќата од вас. Ако некој ве сака во својот живот, ќе направи простор за вас. Не треба вие да се борите за тој простор. Никогаш не инсистирајте на некој кој постојано ја заборава вашата вредност. И запомнете, вашите пријатели не се оние кои се со вас само кога сте во најдоброто издание, туку оние кои се покрај вас кога ви е најтешко.

4. Не бидете нешто што не сте. Еден од најголемите предизвици во животот е да се биде свој во светот кој се обидува да ве направи како другите. Секогаш некој ќе биде поубав, попаметен, млад, но никогаш нема да биде Вие. Не се менувајте само луѓето да ве засакаат.

5. Не бидете не благодарни

Без оглед колку многу или малку имате, секој ден разбудете се со благодарност. Таму некаде, некој очајнички се бори за она што ние го земаме здраво за готово. Наместо да размислувате за она што ви недостасува, обидете се да се сетите на она што имате а на другите им недостасува.

Ако во животот ни доаѓаат работи кои сме ги заслужиле подобро и повеќе, тогаш никогаш нема да научиме што е потребно за раст.

Извор: Atma

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: