Не се грижи за борите, грижи се да не ја изгубиш насмевката

Чувствувате понекогаш како темен облак ви го блокира сонцето во вашиот живот? Дали понекогаш е тешко да ги откачите негативните чувства? Сите тоа го чувствуваме од време на време а понекогаш е добредојдена и мала помош за да се вратиме на својот пат!

Овде ќе напоменеме некои знакови како негативната енергија го блокира светлото во вашиот живот:

Постојат луѓе кои ве иритираат или вознемируваат во последно време? Повлечени сте? Не се гледате со луѓето кои ги сакате? Доживувате незгодни ситуации? Вашата куќа изгледа тажно и е во постојан неред? Чувствувате дека некои луѓе не’ ве почитуваат доволно? Се чувствувате уморно и тажно?

Ако чувствувате било која од овие работи, тоа е сигурен знак дека негативната енергија се пикнала во вашиот живот. Но, не се грижете, бидејќи постојат работи кои можете да ги направите и кои ќе ги распрскаат облаците на негативност и со малку желба, ќе го ‘кренете’ вашето расположение и ќе привлечете убави работи во вашиот живот.

Еве три начини на кои можете веднаш да ја елеминирате негативната енергија од вашиот живот:

1.Уредете го вашиот животен простор.

Дали сте знаеле дека просторот во кој живеете, обично ја одржува состојбата на умот? Значи, кога нашите домови, спални соби, автомобили и работни простори се полни со неред, прашина и хаос, негативна енергија…тоа всушност, често ја претставува нашата емотивна состојба. И што повеќе време поминуваме во таква несредена околина, тоа по негативно се чувствуваме.

Од друга страна, кога сте во просторија која е уредна, чиста, топла, светла и пространа- се чувствувате сигурно и задоволно.

Тоа е првиот моќен начин за ‘терање’ на негативната енергија од вашиот живот- средување на животниот простор. Започнете, така што ќе се ослободите од нередот и ѓубрето кое лежи околу, фрлете се’ што е истрошено, што не се користи или едноставно, не прави да се чувствувате добро.

Ќе бидете изненадени, колку е освежително расчистувањето на работите! Исчистите ја цела прашина, отворете прозорци и врати, пуштете зрак слободно да поминува низ просторот.

Тоа ќе овозможи негативната енергија да се замени со свежа, цврста, здрава енергија. Што повеќе сончева енергија влезе во куќата, ќе биде исполнета со високо енергетски вибрации кои ќе прават да се чувствувате среќни и полни со енергија.

2.Поминете го времето со луѓето кои ве прават среќни.

Токму како и вие, сите луѓе во вашиот живот имаат свое ‘енергетско поле’ кои можете автоматски да го почувствувате кога сте со нив. Ако сакате да го ослободите својот живот од негативна енергија, важно е да го поминете времето со позитивни луѓе а да ги избегнувате оние кои ве влачат кон ниска вибрација.

Ако поради некоја личност секогаш се чувствувате лошо, тогаш веројатно не е вредна, за вашето време или енергија. Наместо тоа, поминете време со среќни, радосни луѓе кои ве подигаат и ве прават да се чувствувате добро. Дружете се со луѓе со кои можете да се смеете, да се забавувате и да делите искуства.

3.Научете да ја отпуштите негативната емоција

Негативната енергија се храни се негативните емоции. Во ред е и нормално понекогаш да се чувствувате тажно, луто или фрустрирано. Но, проблемот е кога не се решавате од тие негативни емоции и тие почнуваат да ‘скапуваат’…

Поради тоа се чувствувате долго време лошо. На пример, ако секогаш сте мислеле лошо за својата работа, веројатно ќе се чувствувате за никаде на работа, а вашата мотивација, задоволство и односи со колегите исто така ќе страдаат. За тоа да го спречите, важно е да си дозволите себе си да ги почувствувате тие емоции, наместо да се обидете да ги блокирате, и да откриете зошто се чувствувате така.

Ако чувствувате дека ви е потребно да плачете, слободно плачете, на место каде се чувствувате сигурно. Ако чувствувате дека ви е потребно да бидете сами, дозволете си го тоа себе си и поминете некое време во мир. А ако чувствувате потреба да разговарате со некој, отворете се кон некоја личност.

Откога ќе ги прифатите своите чувства, превземете чекори со кои ќе се чувствувате подобро, а следниот чекор е да ги отпуштите негативните емоции. Еднаш кога ќе си дозволите себе си да влезете во тркалото на мирот, ќе има можност да се помрднат и позативните промени во вашиот живот.

Значи, наместо да дозволите себе си да ве контролираат штетните мисли, сега сте вие господар на својот ум, можете да контролирате како ќе реагирате на негативни ситуации. Еднаш кога ќе одлучите да почнете да го ослободувате својот живот од негативната енергија и да се соочите со проблемите на конструктивен начин, ќе бидете запрепастени колку радосно и слободно ќе се чувствувате.

Ќе видите како со практицирање на позитивното, активното пристапување, едноставно и природно, добрите работи ќе ги провлекувате во вашиот живот.

Извор: Aura

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading