Се’ што ни е судено- ќе дојде

Кога ќе ни се случи нешто лошо, се прашуваме ‘зошто’. Се прашуваме зошто јас, зошто сега, зошто така и почнуваме да плачеме, обвинуваме , колнеме и повторно да плачеме.

Секој од нас преживеал криза во својот живот, и ако сеуште не сте имале, нема да ве промаши.

Но, најчесто не е важно што се случува, туку како реагирате на тоа. Секоја несреќа е тест во ова големо училиште наречено живот, како тоа го прифаќате, покажувајќи колку сте научиле.

Кога доаѓа до нас, ако не сме создале капацитет да го држиме кормилото на животот, ќе ги изгубиме работите. А тогаш уште повеќе боли.

Она што треба да направиме е да пуштаме и да бидеме во мир со себе бидејќи на тој начин создаваме способност да примаме нешто подобро.

Три работи кои треба да направиме за да можеме да бидеме среќни и во мир- да учиме од минатото, да ја прифатиме сегашноста и да не се плашиме од иднината. На тој начин ќе создадеме внатрешен мир и среќа.

Кога животот ќе ве кутне, вие само превртете се и гледајте во ѕвездите.

Несреќите кои ни се случуваат се надвор од нашата контрола, но нашата реакција на нив е под наша контрола. Ако научиме да прифатиме и продолжиме, ќе знаеме дека мирот и лузните се претвораат во лекции, што ќе не’ направат појаки и мудри.

Извот: novipocetak

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: