Дали сме подготвени за емотивната разголеност

Kога ќе се победи стравот и кога ќе расте нашата посветеност да го запознаеме другиот, се случува вистинска средба, во сите наши аспекти. И не е лесно да се успее.

Всушност, емоционалната разголеност не се случува така лесно или со било кој. Потребно е време, сила и желба да се слушнат, почувствуваат и да се прифатат емоциите.

Самосвесност и хетеросвесност, значи да се познаваш себе и стварноста на другите. Затоа, не е необично што во библијата кога се зборува за сексуална љубов или интимност тоа е зборот ПОЗНАВАЊЕ. Емоционалната разголеност почнува од нас. Тоа значи дека е многу важно да се идентификуваме со нашите чувствата и да сфатиме што не’ прави да се чувствуваме опуштено а што не, што користиме кога нашите емоции се во служба на нашите мисли.

Слушајте, поврзете се и осознајте го вашето емоционално наследство; истражувањето на вашето емоционално тело е неопходно за да се ослободите од стравот, судирот, несигурноста, успехот, научени стварности итн. Знаејќи ја вашата емоционална филозофија, можете да ги истражите вашите слабости, да бидете свесни за она што ве боли и да ја отпуштите болката, што е од суштинска важност за составување слика која вашето емоционално огледало ја проектира, со слекување на облеката која ја ‘ носите’.

Кога ќе бидете свесни за својата емоционалност, таа нема да исчезне, туку секоја подлабока свест за неа, значи, секогаш кога ќе се појави во нашите животи, ќе ја идентификуваме и ќе делуваме на неа, спречувајќи да се стопи во нашите емотивни врски.

Нашето емотивно наследство има силно влијание на нашата способност да се поврземе со другите луѓе кога тоа треба да го направиме. Токму овој ‘куфер’, оваа кожа, го сочинува нашиот начин на делување кон сензациите, чувствата и емоциите.

Со покажување на нашите чувства и оние чувства кои ги доживуваме како непријатни не е лесно, но многу пати е корисно. Меѓутоа, нема сомнение дека постојат многу причини поради која е препорачлива емоционална разголеност: Ако сакаме да имаме посакувани односи, важно е да застанеме и да го видиме минатото, да ги исфрлиме емоционалните рани на нашето детство.

Тие се ‘жици’ кои носат емоционални пораки и треба да бидат откриени за да се спречи нивната доминација во нашите реакции. Со познавање на насоките на емоционалните реакции и нивното комуницирање, помагаме во обновување на нашите мисли и нашата вкупна благосостојба.

Значи, кога ќе се вклучиме во процесот на самоосознавање, нашиот дијалог може да успее да ги промени ‘луѓето опасни по нас’ во- ‘Начинот на кој ме третираат и ме повредуваат, јас свесен сум за тоа и нема да паднам под тоа влијание.’

Кога ќе го проучиме нашето емоционално наследство, како минатите искуства влијаат на моменталните чувства, ќе осознаеме олеснување при формирањето на јаки и здрави врски со оние околу нас.

Патот кон емотивната разголеност, на луѓето кои се повредени во минатото може да виде многу тежок и ќе биде неопходна борба со тие чувства кои ги прават недостапни, поради разочарувањето, стравот од отфрлање, од напуштање, самотија.

За тоа да го направите, мора да бидете паметни, да ги сакате луѓето и да ги слушате, да ги отворите очи и сопствената кожа, ставајќи ги настрана предрасудите и осудите. Тоа значи, активно и емоционално да слушате низ сите сетила без: ‘Но’ и без ‘пардон’. Треба да разбереме дека емотивната разголеност не се создава во било кое опкружување, туку треба да постојат вистински услови за создавање на емоции, кои треба да се чувствуваат, да не се манипулира со нив, туку да се истражат и да се користат.

Идеалното емотивно сценарио за доживување на емоционална разголеност е она во кое прво се слуша внатрешното, емпатијата и емоционалната интелегенција. Сценариото во кое комуникацијата и разбирањето се подобрени врз цврсти темели на почитување и толеранција.

Само на овој начин ќе можеме да создадеме емоционално опуштено опкружување во кое можеме да доживееме вистинска интимна средба, да ги разголиме стравовите, несигурностите и вистинските емоции. Дури кога ќе можеме да ги дадеме тие гушкања кои ги прекинуваат стравовите и кои ги затвораат очите, ќе го исполнат 200% нашето тело и душа.

Извор: lamenteemeravigliosa.it

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: