Луѓето кои читаат од очите како срцето ти чука

Враќањето во својата духовна природа е повеќе емоционален отколку ментален пат. За да го вратиме своето вистинско битисување во секој момент, потребен е фокус. Малку е тешко да се зборува за поимите на срцето во нашите јазици кои се дизајнирани за искушување на друг начин на доживување.

Затоа ако не ги разбирате зборовите, концентрирајте се на вибрацијата, односно чувството кое ве преплавува кога го читате текстот. На какви вибрации се концентрираме, такви слични и привлекуваме. Мислите кои пловат во нашиот ум само одговараат на вибрациите кои сме ги зеле во својот фокус.

Поголемата или широката вибрација, односно онаа која повеќе се уклучува, онаа која е ‘лесна’, го завзема местото, кое до тогаш било отстапено на ‘тесна’, односно на спора или тврда вибрација.

Затоа се вели ‘љубовта се’ победува’. Ако се одалечиме од концептот на љубовта, создадена по нашите искуства и ако се обидеме да ја доживееме како вибрација без оглед на условите или како тоа често сакаме да кажеме ‘надворешни услови или ‘манифестација’ ќе сфатиме зошто се вели дека љубовта победува.

Ако гледаме од емоционално гледиште, ако вклучиме поголеми вибрации, слично е на она што велиме дека повеќе ‘сакаме’, значи дека повеќе вклучуваме вибрации во нашата љубов, односно свест. Секој пат кога перципираме дека нешто се ‘случува’ во нашиот ден, односно момент, можеме да освестиме каква е нашата емоционална реакција во подрачјето на стомакот и срцето.

Секој пат кога ќе почувствуваме отпор кон некоја ситуација, чувствуваме стегање на своето емоционално тело, можеби и како да се кинат делови од себе. Тој процес се случува кога вниманието е измешано со умствените процеси кои зборуваат, дека ситуацијата можеби не би требала да биде таква каква што е во тој момент и ние веднаш чувствуваме отпор, болка- непоклопување со вистината на моментот кој се случува.

И така запнуваме во проекциите на нашиот условен ум, кој почнува да создава своја стварност. Значи- помалку битисуваме а секоја желба, всушност се наоѓа во коренот на желбата за неоптеретено битисување.

Нема разлика помеѓу ‘луди’ луѓе и ‘нормални’ луѓе. Постојат само луѓе кои му веруваат на својот ум и во отпор се движат по текот на животот, и оние кои не му веруваат.

И ‘лудите’ и ‘нормалните’ кои им веруваат на мислите се во иста позиција, ја гледаат стварноста низ спектарот на условени умствени обрасци.

Тоа што ‘лудите’ имаат други идеи од повеќето, не прави никаква разлика, освен во искуството на стварноста. Значи, умовите создаваат алтетнативни стварности. Постојат и стварности кои се над световите на умот. Тоа се стварности кои се одредени со мисиите на душата, договори и потенцијали за индивидуално искуство.

Тоа е обично она што почнува да излегува кај малите децата се додека не стане се’ извалкано со условување. За проживување на идивидуалните стварности не е потребно да се има идентитет, односно да се биде ‘личност’.

Личност не може да се биде, но може секако да се замисли дека сме личност. Тогаш не се исполнува ниту најмалиот потенцијал на индивидуалното искуство, туку се создава свет на его, односно условен ум и отпорот кој е всушност ‘личност’. Тогаш е потребно повторно да се раѓаме, се додека полниот потенцијал и мисијата на индивидуата не се пуштат да почнат да цветаат.

Потенцијалите почнуваат да цветаат кога свеста конечно ќе се присети дека е само чиста свест, и кога ќе почне неврзано да ужива во филмот ‘за индивидуата’. Тогаш свеста свети над животот и цветот на идивидуата почнува да цвета. Се напуштаат идеите за живот и почнува да се живее живот без кочници, без отпор, без концепт за искуство.

Се’ што ќе дојде во искуство треба се сака, односно не се нуди отпор. На почеток тоа може да биде предизвикувачко, затоа што на светлото на свеста доаѓаат многу емоции, кои порано не биле проживеани и сите постојани концепти на умот се обидуваат да се одржат во живот, повеќето темелени на егзистенцијални стравови, страв од повреда на физичкото тело, страв од смрт итн.

Единствено што се спасува од смрт, е да се сфати што е она што умира и КОЈ СУМ ЈАС, но не идеја или сликата за мене, туку кој сум навистина јас.

Предавањето на животот или верата во живот, односно препуштање на контролата на вишиот им, на тивкиот и мудриот ум од земскиот- вербален, праќа само вибрација на љубов, односно не- отпор, отпуштање на кочниците и така животот се повеќе почнува да се доживува во својот потполн потенцијал, пливајќи заедно со струјата на животот, милосни благослови, изненадувања и чуда за умот, но само ако сеуште понекогаш го ‘ има’.

Бидејќи, еднаш и тој ќе одлучи да се предаде и да исчезне во убавината на тишината и на љубовта која зрачи се’ повеќе од сезнајното срце.

Срце, кое не знае како умот. Не анализира, туку доживува полност и ја отвора вратата ширум за побогати можности. Срцето е оној дел од човекот кое прашува, пушта и дозволува. Дозволува чуда ( а чудата се всушност само она што умот не може да го разбере) и безусловно сака, бидејќи од тишината некако знае дека се’ има свое место во широката слика на свемирот.

автор: Саша Ирис Паван

извор: novasvest

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: