Маж со енергија на сонце

Се обидувам да дојдам до шанкот. Гужвата ја пробив, но буката и чадот се непребојни. Го чекам својот пијалок опкружена со луѓе кои се топат во еднолична маса. На момент се чувствувам изолирана од цела оваа гунгула. Како да сум одвоена со некој невидлив балон.

Но, тогаш почувствував нешто на тилот. Можам да се заколнам дека е топлина. Пријатна. Се вртам да видам од каде доаѓа. И таму, каде што погледнав, фаќам светлина- поглед на еден маж.

Во масата на безлични ликови, ми делува како Сонце. Маж со енергија на сонце ретка е но длабоко преобразувачка појава. Топлината со која влегува во мојот животот е можно да се почувствува дури и со грбот.

Тој во себе има таква сила и сигурност, како жената во неговата близина автоматски почнува да се опушта. Тоа значи дека во жената буди доверба. Низ однос на целокупна машкост, жената се ослободува од својот критичен и контролиран ум, и се хармонизира со своето битие. Тоа е мир. На магнетизмот на неговата машкост, телото на жената се буди во потполност. Тоа се отвора само на негов поглед. Глас. Мирис. Допир. Или само мисла за него.

А таа мисла застанува секоја друга мисла. Нејзиниот извор почнува да се исполнува со топлина и пулсира светло. Жената во неа ја буди женската струја.

Женственоста се задвижува на сите нивоа: од хормонална до сакрална. Таа почнува силно да се поларизира. Почнува да чувствува задоволство на сексуална примопредаја.

Се’ доживува интензивно. Станува присутна. Жива! Вистинска! Енергијата во неа се точи во изобилство. Нејзиното срце станува нуклеарка. Топлината излегува од градите а сјајот од очите. Додека стои до него – се чувствува непобедиво!

И подготвена е за него да даде живот. И го дава. Но, уште повеќе живот кон во себе. И го полни со смисла.

Само има тука една квака. Еднаш кога ќе сретнеш маж со сонце кој те прави божица, потоа повеќе не можеш да поднесеш никој и ништо што те прави ‘бабушка’.

Даниела Узелац

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: