Ако сакаш да бидеш среќен човек- не се враќај во минатото


Неостварените желби ни остануваат во срцето. Но, зошто е така опасно да се чуваат?

Затоа што секоја желба се состои од одредени сили, добри, лоши или помешани и кога ќе умрете, иако не постои вашето тело, овие сили продолжуваат да живеат. Како ментална слика тие ја пратат вашата душа каде и да оди и кога повторно ќе се родите, овие слики излегуваат како склоности кон одредено однесување.

Така, на пример, личноста која умира како алкохоличар носи во следниот живот со себе склоност кон алкохолизам, која останува со него се додека не ја надмине желбата за алкохол.
Дури и однесувањето на сосем малите деца може да ни открие одредени карактеристики од минатиот живот. Некои имаат неверојатни напади на бес, додека другите се ќутливи и мрзоволни. Неостварените желби од предходните животи ги обликувале овие психолошки склоности и поради нив душата често не изгледа како да е создадена по Божјиот лик.

Ако божјиот лик во вас во овој живот се изопачи под влијание на страв и бес и ако не ги победите тие склоности сега, повторно ќе се родите со нив и ќе ги носите во себе, каде и да одите во овој живот или некој иден, тие ќе идат со вас.

Со помош на расудување се решавате од сите опасни желби уште во овој живот и се фокусирате на остварување на оние добри желби.
Ако, речеме имате склоност кон самоубиство или желба да направите некое зло, веднаш решете се од таквата желба. Уверете се, со помош на разумот и правилни постапки, дека сте вие чедо Божјо и дека сте создадени по Неговиот лик и издигнете се над својата чудливост и навика на телото.

Бидете неврзани. Ако страдате од некоја хронична болест, пробајте ментално да се одвоите од свеста за телото. Со расудување можете да завладеете со сетилата. Расудувањето е оган во кој ќе ги запалите своите желби.
Вообичаено е во подрум или таван да се става цел вишок од непотребен ‘крш’ и повремено да се направи темелно чистење. Слично на тоа, скриени на таванот на вашиот подсвесен ум се наоѓаат многу потенцијални штетни желби кои еден ден можат да донесат многу невољи.

Затоа е важно постојано да се анализирате себе си. Можеби сте чудни или мразите се’ и секој; ако е така, овие вкоренети особини се последица на сопственото однесување во минатото.
За да можете својот ментален таван да го исчистите од вишок на намештај, морате многу енергија да вложите и со љубов да направите она што е правилно, позитивно и конструктивно.
Извор:www.spiritualni-centar.org

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: