Прифаќај ги своите порази со крената глава

После некое време ја гледаш тенката линија меѓу држење за рака и врзувањето за душа. И ќе научиш дека “Јас Сакам” не значи потпирање а дружењето – сигурност.

Ќе научиш дека бакнежите не се договори а подароците ветувања. И почнуваш да ги прифаќаш своите порази со крената глава и отворени очи, со љубезност на голем човек а не со детска тага.

Ќе научиш дека сите патишта мораш да ги направиш денес бидејќи утрешното тло е многу несигурно за планирање. После некое време ќе научиш дека и сонцето може да те изгори ако му се приближиш многу блиску.

Затоа сади ја својата градина и уредувај ја својата душа, наместо да чекаш некој да ти подари цвет. И научи дека можеш многу да истрпиш. Ти си силен и вистински вредиш..

Борхес

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: