Најдобриот лек е саканиот човек

Во минатото постоеле дијагнози кои денес, нас ни изгледаат чудни: ‘умре од неизлечива љубов’, ‘се разболе од скршено срце’, ‘умре од разочарување’.
Ова биле вообичаени медицински извештаји од обични лекари во минатото. И сосем е разбирливо.

И арапските лекари пред илјада години препорачуваа пациентот да се доведе во објектот на неговата љубов.
Да ја донесат саканата личност, иако е од далечна земја. А додека одат со караванот- да му се покажува портретот на саканата личност или да се читаат песни за средбите со саканите.
Тогаш уште биле користени портрети, во далечните предисламски древни времиња.

Ова го зборуваме, бидејќи татковците на психоанализата тврдат дека болеста е насочена кон некој. Сакан, важен, значаен.

И решавањето на конфликтот во односите води кон исцелување.
Воопшто, најдобриот лек е саканиот човек. Дури и ако љубовта е тајна не е важно. Дури и неговиот портрет ќе ја олесни состојбата; а вниманието и нежноста- потполно ќе го излечат.

Ако некој е болен, не е доволно сакан. А во душата е- желба за саканиот. И десетина луѓе сакајќи да оздрави човекот бараат само едно, најважно за него..
Да го најде. Најде и излечи. Да се јави или да напише писмо на некој кој може да го излечи. Поради кое срцето тајно плаче.


Извор:https://vk.com/tobewoman

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: