Не се задоволувај со трошки на почитување

Среќа во несреќа е кога некогаш на таквите луѓе, ќе им бидеш благодарен за цел живот. Те туркаат, бидејќи приготвуваат место за некој важен, а на крајот не им доаѓа никој.

Но, на почеток, тоа не е пријатно искуство. Да се биде исфрлен и отфрлен. Да се прашуваш и да се бараш, каде припаѓаш.

Како и да се чувствуваш, не моли ги, бидејќи тие не се грижат за тебе, така сурово те отфрлаат, сакаат да те понижат. Некои луѓе те туркаат од својот живот. Немој да напаѓаш, немој да драмиш и да се одмаздуваш. Животот ќе се погрижи за се’.

Само собери се и тргнувај напред. Животот безброј пати се покажа, дека кога една врата се затвора по тебе, те чекаат уште многу други кои можеш да ги искусиш. Оние кои те отфрлаат ќе дознаат порано или покасно какво е тоа искуство, а ти дотогаш ќе имаш други луѓе околу себе, среден живот и подобро утре.

Можеби никој нема да ти каже да си одиш, но, ќе има закани, ‘злосторства’, понижувања, ќе се однесуваат кон тебе како да си некоја неважна работа..

Имај свое достоинство и знај, каде е онаа црта кога треба да кажеш доста. Ако својот мир, не го ставиш на листата на своите приоритети, набрзо повеќе нема да разбереш што се случува со тебе, ќе почнеш за тоа да мислиш, како за судбина која е неизбежна, ќе престанеш да се бориш за себе и ќе пуштиш работите да одат како што одат.

Никогаш не заборавај која е твојата вредност, не е тоа имагинарна рефлексија, тоа е вистински живот. Кога ја знаеш својата вредност, тогаш нема да ти биде важно кој што зборува, бидејќи во секој момент ќе знаеш, да се одалечиш од тие, кои сеат негативност и да побараш друго друштво.

Заблагодари им се и тргни напред, бидејќи те научија да не се задоволуваш со трошки на почитување, туку да одиш таму каде што ќе те почитуваат, онолку колку што вредиш и да те прифатат, таков каков што си.

Марио Жувела

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: