Што не е твое нема ни да дојде

Ако во некој момент во односот со својот партнер сфатите дека мора да се направи или да изгради нешто, евe некои размислувања.

Можеби треба нешто да промениме во себе, да го слушнеме мислењето на партнерот, да смениме некои особини кај себе. Тоа е патот кој води и кон личен и духовен раст. А како?

Секој човек е наш учител. Секако, ако тој вели дека сте егоист, тоа и докажува со факти а вие повторувате:-‘Не, не, ти си ми се’, само мислам на тебе’.

А ако тој верува дека сте кариериста, тогаш почнувате да мислите: ‘Можеби професионалниот успех навистина е лош. А кога вели дека сака ненашминкани жени во спортска облека, почнувате да се шминкате само кога тој не гледа и купувате нешто удобно, она што вам не ви се допаѓа.

Потоа сите ваши пријателки стануваат будали и гледате идиотски серии и програми за глупаци. И во тоа нема никаков личен раст. Тоа е вистина.

Се’ тоа мажот го прави со вас, бидејќи имате ниска самодоверба и затоа што му дозволувате тоа да го прави. И тоа не треба да се изградува.

Секој човек е учител. Во ред, проучете и оценете зошто ви беше потребно тоа искуство и со новите сознанија за вас тргнувајте понатаму.

А пред тоа, забележете дали тој човек на вас ги ‘качи’ своите комплекси и очекувања. Учителот треба прво да се излечи себе. Зошто е тоа потребно?

Ако во некој момент во односот одеднаш сфатите дека треба да работите на нешто што не е по ваша природа или нешто да изградите, што ви прави ‘грч’ во стомакот, нека оди по ѓаволите таков маж. Не е ваш. Тука треба да се искаже сета ваша волја, веднаш тоа да заврши.

Или ве прифаќаат со сите ваши особини и вкупни квалитети- или следен. А кризите- да, постојат. Само постои разлика: дали разговарате како ја користите пастата за заби или дискутирате за тоа дека некој треба да се подобри.

Прво- прашање е на однесување и взаемни договори, второ- лични особини. А ако тоа го нема, тогаш никогаш нема ни да биде.

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading