Додека не го гушнеш човекот тешко е да сфатиш, што меѓусебно чувствуваш кон блиските, пријателите, семејството?
Секогаш, првото гушкање е показател на вашиот реципроцитет. Додека тоа не се случи, не постои објаснување за процесите кои се случуваат, прашањата и одговорите за искреност на односот- сето тоа се дознава само преку гушкањето.
Штом две тела се приближат и притиснат, тогаш две полиња на енергија поминуваат од едно во друго- помеѓу луѓето се појавува нешто чудно, секој пат непредвидлив простор, налик на нов свет- невидлив, кој ја чувствуваат само две души кои ризикуваат да се преплетат во една нервна топка.

И тогаш станува јасно. Силата на гушкањето е нежност, допир, момент кога може да се гушне со уште поголем жар или да се има страв, од можноста да се биде во нова улога со блиската личност?
Така луѓето стануваат исполнети или опуштени. Свој човек исполнува. Туѓинецот не влијае на вашата душа и со текот на времето исчезнува конечно. Гушкањето открива се’ во вистинско светло. И ги одразува сенките. Во нив е- мир, мачење, жед, радост, тага, забрзан пулс, слабост и сила.
Во гушкањата се- години, долги денови и секунди. Во нив постои тоа без кое не можеме а на сите ни е потребно. Во гушкањето не постои смрт, постои само живот. Ние шириме раце, често мисловно. Да ги гушнеме оние кои ни се драги, исклучувајќи ја неможноста и растојанието. Затоа што ни требаат раце, тела, насмевка, мислење, очекувања. Бидејќи во нив е нашиот оган, низ нив живееме.
Луѓето шират раце и тогаш во тој момент кога ќе се испреплетат рацете а телата ќе се приближат, можеме со сигурност да кажеме дека тие се имаат едни со други.
И тој момент е- Магија
https://independentwomen
Leave a Reply