Како да го откачите психопатот од својот живот

Психопатите се манипулативни луѓе, кои намерно му нанесуваат штета на другите, без чувство на каење или одговорност. Тие се општествени камелеони кои совршено се вклопуваат во било која ситуација. Тие се експерти, во преобразба на својот идентитет и тоа го прават, за да добијат она што сакаат и ги ‘фаќаат’ другите поради пари, секс, а најчесто за внимание.

Поради својата способност да ги идеализираат другите, психопатите често се доживуваат како шармантни, невини и забавни. Но, постои и нивна друга страна. Кога се чувствуваат загрозено или им е досадно, нивните вистински лица, почнуваат да излегуваат на виделина.

Тие ве вовлекуваат во расправија, која нема врска со ништо важно и конкретно, но брзо ќе видите дека сте вие таа личност која треба да се брани. Еве неколку знакови на предупредување, дека личноста со која се расправате е психопат и дека е време да се тргнете од неа.

– Тие лажат и измислуваат изговори. Секој ќе зафркне нешто понекогаш, но психопатите почесто се правдаат, отколку што се држат до своите ветувања. Нивните дела никогаш не се поистоветуваат со нивните зборови и нивните лаги, ќе ве разочараат така често, што всушност, чувствувате олеснување кога ќе направат нешто полупристојно. Тие ве носат во ситуации, кога ќе бидете благодарни за ‘млак’ третман.

– Нивниот тон е питом и покровителски. Психопатите често се обидуваат да ве вознемират, во обид да ве искористат. Во текот на цела расправија со нив, ќе забележите дека тие задржуваат мирно и ладно однесување. Тоа е готово, како да ви се исмејуваат- ги проценуваат вашите реакции, да видат колку уште можат да ве ‘турнат’. Кога конечно ќе реагирате емоционално, во тој момент ги креваат веѓите, трепкаат и ви зборуваат, да се смирите или изигруваат разочарување.

– Неверојатно се лицемерни. Во расправија, психопатите немаат срам и често, им се препознаваат нивните сопствени ужасни особини. Психопатите тоа го прават бидејќи бараат реакција. Работата е во тоа што ве мамат, да реагирате и да им делувате луди, на оној што е присутен во расправијата.

– Се чини дека имаат повеќе личности. Кога се расправате со психопатот, веројатно ќе забележите разни негови особености. На пример- добар полицаец, лош полицаец, пореметен полицаец, застрашувачки полицаец, детски полицаец. Еднаш кога ќе почнете да се повлекувате и да излегувате од неговата манипулација, тој ќе почне да се извинува и ќе ви ласка. Ако тоа не успее, одеднаш ќе почне да ги вреѓа особините, кои токму ги пофалил пред две минути. Додека тие се обидуваат да ја вратат контролата, вие ќе се прашувате, со кој всушност разговарате.

– Изигруваат вечна жртва. Некако, нивното лошо однесување секогаш ќе доведе до тоа да се враќате на разговорот, за нивното насилно минато или за нивниот бивш луд партнер или лош шеф. Вие ќе се чувствувате лошо и ќе ви биде жал, дури и ако не се во право. И откако успешно ќе го пренасочат вашето внимание, се’ ќе стане збркано. Психопатите се жалат дека се злоставувани, но на крај, вие сте единствена личност, која тука е злоставувана.

-Чувствувате потреба, да им ги објасните основните човечки емоции.
Се фаќате себе си како се обидувате да ги објасните емоциите, како емпатија и добрина, водени со мисла дека ако сфатат зошто сте повредени, тие ќе престанат да ве повредуваат.

Вие не сте прва личност која се обидела, да види добро во нив и нема да бидете последни. Тие се однесуваат на овој начин, бидејќи знаат дека ќе ве боли. Постои само еден излез од тоа. Морате да се одвоите и да одите понатаму.

По расправијата со психопатот ќе бидете исцрпени. Можеби ќе поминат часови, дури и денови, размислувајќи за таа расправија. Ако мислите дека имате совршен одговор на неговиот нечуен коментар, тие намерно го предизвикале. Се обидуваат да ве испровоцираат. Се обидуваат да ве вовлечат во своја игра. Додека ова не го сфатите и понатаму ќе паѓате во нивната стапица.

Значи, следниот пат кога ќе почнете да се расправате со некој кој ги користи овие тактики, за да ве вовлече во таа игра, обидете се на различни стратегии: само едноставно насмевнете се, климајте со главата и одете далеку и живејте го својот живот.

Извор: atma.hr

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: