Среќни сме само тогаш, кога од утрешниот ден, не бараме ништо

Нема да ви посакам среќа, бидејќи луѓето за среќата, имаат различни гледишта. Наместо тоа ви посакувам тишина, бидејќи тишината е место, на кое се создава среќа.

Сакам вашите лични желби, да ве донесат до тишина во длабочината на вашата свест. На тоа место ќе најдете се’, што ви е потребно да бидете среќни.

Можам да ви посакам мир (тоа од срце ви го посакувам) но, како тоа ќе го постигнете, ако не ја познавате тишината која се наоѓа во вас? Затоа ви посакувам средба со неа! Оваа година која е пред нас, да ви донесе тишина во вашиот живот. Бидејќи мирот ја прати тишината како Сонцето, утрото.

Кога мојата желба би можела да ви даде сила, да ги совладате сите препреки и проблеми кои ве очекуваат, силно ви посакувам токму тоа! Но, сила не може никој да ви даде, ако вие сами не ја најдете. И таа се наоѓа, на едно тивко место во вашата душа, на местото кое упорно го избегнувате.

И затоа ви посакувам ова година да го пронајдете тоа место. Кога тоа ќе го направите, ќе бидете непобедливи, а секоја препрека пред вас, ќе биде само една нишка, во ткаењето на вашето достигнување.

Не ми паѓа на памет, да ви посакам многу пари, бидејќи тие, никого не го направиле среќен. Наместо тоа ви посакувам изобилство тишина, бидејќи тишината е место од кое се’ се создава.

Цел Свемир е создаден од тишина, па зошто вие за тоа да немате потреба? Барајте подобро тишина, барајте тивок извор во самите себе, другото ќе ви се надополни.

Можам да ви посакам мудрост, тоа сигурно ви е потребно. Но, ни тоа нема да го направам, бидејќи вашата мудроста доаѓа од тивкото средиште во вас. Не е можно да бидете мудри, а да не ја познавате таа тишина.

Подобро неа барајте ја, а вашата потрага самата по себе ќе биде знак, дека мудроста ве пронашла вас.

Радост и веселба посакувате?

Ако ја исечете овошката, каква радост очекувате во нејзините цветови, плодови? Тишината во вас е ваш корен. Ви посакувам, никогаш од него да не се одвоите. Ви посакувам жива тишина; негувајте ја секој ден, па и вашите плодови, ќе ја пеат песната на радоста.

Би било убаво да ви посакам здравје, но тоа е празна желба, ако вие сами не разберете од каде тоа доаѓа. Истиот корен на тишината, која ги храни вашите достигнувања и ви носи радост, го храни и го одржува вашето тело. Не си го правете себе си она, што коренот нема да му прави на гранките на своето дрво. Слушајте го своето тело, бидејќи тоа постојано ги шепоти зборовите на здравје. Ви посакувам доволно тишина да го слушнете тој шепот.

И на крај, онаа најголемата од сите желби- желбата во вашето срце да живее љубов. Можеби не сте забележале, можеби ве збунив, но токму за тоа ви зборувам цело време!

Бидејќи, што е љубовта ако не наш најдлабок корен? Како љубовта да се нарекува со било кое име, ако таа не допира длабоко до самиот извор, кој ги спојува сите луѓе и сите живи суштества на овој свет? За да сакате, чисто, искрено и вистински, морате да ја познавате тишината на своето вистинско срце. Од неа, од недогледната длабочина на човечката душа, се создаваат среќа, мир, сила, изобилство, мудрост, радост и здравје.

Тој извор, таа тишина, тоа е љубов на која не сме и’ дале име. Бидејќи, запомнете, љубовта, како и вистината, убавината или сочуството, немаат име, род, пол, раса или националност.

Љубовта е сила која најповеќе не’ спојува во тишина. Затоа од срце ви посакувам токму тоа: тишина. Ако доволно ја познавате, од неа ќе порасне вашиот живот- токму онаков каков што посакувате.

Пауло Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading