Не можете да го менувате минатото – извлечете поука.

Животното искуство е универзален и неизбежен фактор за секоја жива личност. Постојат бесконечно многу искуства, кои можат да се искусат.

Дали индивидуалното искуство ја дефинира секоја личност? Секако дека не, но, може значително да влијае на тоа, како личноста се однесува и на тоа какви предрасуди ќе има, кон сопствените потенцијални идни искуства.

Ако доживее некое негативно искуство, многу е веројатно личноста да верува, дека секое поттикнување со сличен карактер, како оној кој веќе го доживеалa, ќе резултира со еднаков негативен исход. Истото е и со позитивните искуства во обратна смисла.

Колку искуства да доживее, било да се позитивни или негативни, секоја личност поинаку ќе реагира на она што му се случува, поинаку ќе разбира и ќе прифаќа поединечни случувања и околности, а со тоа, различни размислувања, ставови и емоционални реакции.

Во психологијата, постојат повеќе методи на учење и обликување на личноста. Се издвојуваат когнитивно учење, учење по модел, и условување кое може да биде класично. Обично овие варијанти се преклопуваат и низ животот, константно ја обликуваат личноста. Когнитивното учење е сознание и заклучување врз основа на увид, а учење по модел, е одраз на социјалната интеракција меѓу луѓето и поединецот со некоја од животните појави. Најдобриот пример за тоа е кога децата ги копираат своите родители, а возрасните некои свои идоли.

Условувањето се темели на некоја иницијација коja создава одредена реакција. Во почетокот и иницирањето и реакцијата се неусловени, но, стануваат условени, тогаш, кога некоја иста ситуација повеќе пати се повторува.

Личноста се обликува низ искуство, а преку нив луѓето го осознаваат животот и градат сопствени ставови. Поимот искуство, се разликува од личност до личност, прифаќање и сфаќање на стварноста исто така, а тоа пак ја прави основната разлика меѓу луѓето. Секој заклучок, а најмногу придодавање важност на некој заклучок, доведува до емоционална реакција, било да е позитивна или негативна.

Сите луѓе повеќе или помалку ги искусуваат моментите кога донесуваат брзи заклучоци. Еволуцијата, луѓето ги предодредила да бидат брзи во своите заклучоци и реакции, за полесно да преживеат и подобро да се снајдат. Сепак, негативната страна на тоа е, што во овие случаи е многу лесно да се види непотполна и искривена слика на реалноста, која доведува до деструктивно размислување.

Искуствата не можат да се сменат какви и да се, сепак, доживувањето и односот кон истите може да се промени со друг исход на разгледување.

Поговорката -‘Секое зло, за некое добро’ покажува дека она што е негативно, на луѓето им овозможува да го сфатат позитивното, бидејќи тоа ја прави основната разлика. Да го нема негативното, нема да постои позитивното. Во физиката тоа се нарекува разлика на потенцијалот, а природата е секогаш склона кон изедначување на тие потенцијали, што се нарекува рамнотежа.

Искуството воедно го извлекува и најдоброто и најлошото од луѓето. Се’ зависи од можноста да се разберат околностите и колкав е прагот на толеранција на случувањата, нечии принципи и доследности. Некој кој поминал низ тешка животна ситуација, може во себе да создаде чувство на разбирање за другите, да стане сензитивен и да сфати кои се вистинските животни вредности и повеќе да ги почитува.

Од друга страна некои други луѓе кои поминале низ слични тешки ситуации можат да станат фрустрирани, лути и бесни и да им посакаат на другите, исто или самите на себе да си нанесуваат болка. Од перспектива на класичното условување во психологијата, деструкцијата секако е резултат не некое поттикнување било да е тоа условено од некои сличности од предходни искуства или е во потполност неусловена и спонтана. Поттикнувањето создава реакција.

Она што луѓето ги прави слични со животните, е физичката реакција во смисла, дека стресот е одговор на организмот на несакани иницијации, се излачува адреналин, разни неуротрансмитери, телото се приготвува за борба и е во напната состојба.

Таквата состојба, во колку стане хронична, никако не е добра за целокупното здравје на организмот. Тогаш настапува човечката свест и способноста, на расудување е на виделина. Ова е најделикатниот момент кој ги разликува луѓето, од другите живи суштества. Без оглед на сите околности, луѓето имаат можност да ги разберат поттикнувањата, да ги игнорираат, да ги толерираат, корегираат, да ги избегнат.

Освен тоа, луѓето го контролираат пропуштањето и процесуирањето на информациите во свест и секоја индивидуа ја обработува на себе својствен начин. Ова овозможува надминување на поттикнувањето како нешто што во одреден момент е релевантно и да се сфати, дека тој поттик не е толку важен бидејќи сигурно е капка вода во океанот на се’ што се случува за време на нечии живот.

Да се размислува за проблемот не е само по себе лошо, во колку се тежи кон некакво решение и да се има на ум, дека светот нема да пропадне поради тој еден проблем.

Лошо е да се оптеретуваме со проблемите. Стресот ја блокира можноста за логичко размислување, става деструктивни бариери и носи, на секоја личност посебно, исклучиво штета. И на психичко и на физичко ниво. Колку и да е ситуацијата тешка, порано или подоцна со неа треба да се помириме, и ако е можно, да се обидеме да најдеме и најадекватно решение за истата.

Неприфаќање на нешто што се случило, создава внатрешен отпор, свеста се обидува да ја промени перцепцијата на случувањата кои се случиле, но не успева самата да се справи. Доаѓа до константен напор и последицата е актерите на ваквите ситуации да останат без енергија, разочарани, тажни.
Искуството какво и да е, е единствена прилика за учење и индивидуален раст, а со себе носат реален ризик на фристрација и разочарување.

Не можете да го смените минатото, но од неа може да се извлечете поука. Не ги дефинира искуството луѓето како личности, но секако дефинира некои нивни постапки, мисли и емоции а како ќе бидат дефинирани секој одлучува за себе.

извор:
https://ellieleoni.blogspot.com/2018/12/zivotno-iskustvo-je-prilika-za-duhovni.html

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: