Не чекајте никој- немате време

Во суштина, секој близок контакт со друга личност е однос. Дури и оној без обврски. Недостатокот на меѓусебни обврски- тоа не е недостаток на почитување, ни недостаток на такт, туку отсуство на внимание кон потребите на другата личност.

Секој однос помеѓу луѓето се заснива на тоа, да бидеш свесен за своите интереси и да ги почитуваш интересите на другиот. Ако се придржуваш на задоволување на своите потреби, тогаш ќе станеш жесток манипулатор, дури насилник. Ако престанеш да ги гледаш своите интереси и ако се грижиш само за тоа другите да се чувствуваат пријатно, можеш да станеш жртва. Овие се сите варијанти на зависни односи. А ‘само секс’- најкраткиот пат до нив. Здрав однос во било кој облик укажува на тоа, дека интересите на двете страни се задоволени.

Ако чувствувате потреба за внимание а тоа не го добивате, тогаш договорете се за прифатливи услови или барајте човек со кој ќе можете без напор да ја задоволите таа своја потреба.

Ако повеќе пати тоа го игнорирате, дека вашите потреби во односите не се задоволени, ќе станете зависна личност. Нејасно или јасно чувство на незадоволство, (ако не биде угушено со причините на разумот), нема да ви дозволи да згрешите во оценувањето на односот, дека нешто не е во ред.

Ако почнете да чекате, ако мисловно се врзувате за некој, кој треба да ја реши вашата внатрешна напнатост- одете си.

Ако чувствувате кога ќе почнете комуникација, нешто како повлечи- потегни, чувствувате дека другиот игра а вие сте веќе залепени за него- завршувајте.

Отпуштете, пуштете да си оди она неудобното бескорисно мачење.

– пишете една порака, друга, трета. А како одговор- молк. Или одговор на пета порака, и следните 5- тишина.

-Вие ѕвоните, тој ја прекинува врската. Два часа подоцна го одбива повикот. Два дена подоцна не одговара.

– Чекате да предложи брак. Тој ветил. А потоа ќе замолчи без образложение.

– Чувствувате дека не е верен. Постојат факти, но тој избегнува директен разговор за тоа.

Има уште многу ситуации кога чувствувате- дека почнало мачењето… Завршете со тоа. Уклучете ја волјата и самоконтролата и завршувајте. Ако веќе сте успеале да се врзете, ќе биде болно.

Ако останете, тогаш болката константно ќе се зголемува. Ако ви е потребна помош или подршка, побарајте ја.

Тоа никако не значи да пишувате бесни пораки: ‘Копиле, јас си одам’. Сами одлучете што ви треба, што сакате од односот. Во најмала рака, треба вашите потреби да се истакнуваат и информацијата да биде јасна. Тоа треба да го кажете.

Секако, овде не зборуваме за тоа да се чека маж од војна или од експедиција. Овде станува збор за маж кој е достапен во секоја смисла, а станува непредвидено недостапен.

Веројатно многу и напорно работи и нормално е, да не одговорил во рок од 10 мин и неколку часови на вашите пораки. Но, ако пораката останува без одговор со денови, не часови, значи дека многу не жалел. Ако почнете да измислувате изговори за него, знајте- веќе сте врзани. Ако почнете да барате пристојно објаснување за неговото молчење, тогаш ‘држите’ нешто непостоечко.

Секој од нас во длабочината на душата знае дека секогаш ќе најдеме време за неколку зборови за некој кој ни е посебно драг. Уште нешто.. Да претпоставиме дека е во депресија. Вистинска, која е болест. Никакво ваше дејство или недејство ништо нема да промени. Депресијата не е спектакуларна, туку има потполно реални знаци: сон, тежина, јадење, загриженост, тага, главоболка, болки во мускулите. Или во односите настапува пад. Ова е нормално. Во сите односи постојат циклуси: најблиски, многу блиски- со сила, далечни. Можат да ви се поклопуваат фазите со партнерот.

Тој да се одалечува, вие да не се сложувате. Тој повторно да се одалечува, вие да се обидувате да го вадите од дупка. Тоа е исто така врзување. Тој си оди а вас ве носи со себе.

Отпуштете го крајот и застанете. Не застанувајте со животот, застанете со бркањето. Ако почнете некој или нешто да чекате, излезете од очекувањата. Вратете се во својот внатрешен дом, во себе си. Тоа секогаш помага во нормализација на односите.

Извор: cluber.com.ua

Leave a Reply

Up ↑

%d bloggers like this: