Најголемите разочарувања во нашиот живот се често резултат на преголеми очекувања од нас самите, од другите луѓе и очекувањата на другите од нас.

Зависни сме од мислењата и очекувањата на другите, повеќе отколку што сакаме да признаеме. Во колку останеме доследни на себе, се изложуваме на ризик да не’ отфрлат другите. Ако се однесуваме во склад со очекувањата на другите, се губиме себе и стануваме незадоволни. Завршуваме училишта/ факултети за кои немаме интерес, работиме работи кои не не’ исполнуваат, живееме со партнери кои не ги сакаме, стануваме родители а тоа вистински не сакаме…
Негде по патот забораваме што е тоа што навистина сакаме од својот живот и го слушаме гласот кој повремено ни шепнува: ‘Го трошиш својот живот!’.
Стварноста и секој момент постојано се менуваат, поради тоа е сулудо да се има очекувања. Животот не ги следи нашите очекувања, туку има свој тек и голема е илузијата да го контролираме. Со прифаќање на работите онакви какви што се и какви ни доаѓаат, без отпор, животот станува полесен. Тоа не е пасивност туку престанок на борба со ветерниците.
Очекувањата се животен терет кој треба да се тргнат за да бидеме слободни. Тие се најголем непријател на искуството, бидејќи наместо да бидеме во сегашниот момент, ние, низ очекувањата се ограничуваме и своето внимание го фокусираме на иднината.
Кога во потполност се прифаќаме себе си и се отвораме за се’ што можеме да постигнеме, секогаш ќе бидеме задоволни со постигнувањето. Кога ќе им дозволиме на другите да бидат тоа што се и од нив ништо да не очекуваме, ги прифаќаме такви какви што се, животот станува по едноставен, бидејќи е лишен од правила и калапи во кои мора да се вклопуваме.
Вистинската сила е во душата и во состојбата на нашиот дух а не во силата на мускулите. Одлучете од овој момент, никого да не молите за љубов, почитување и внимание кое треба да си го давате себе си.

Во овој луд свет кој се обидува од вас да направи слични на другите, најтешката битка која ќе ја имате е да бидете свои. И ако останете доследни, нема сите да ве сакаат, бидејќи ќе бидете ‘поинакви’. И тоа е сосем во ред, бидејќи вашата автентичност е најважната работа која ве прави- ВАС.
Нашиот живот е наша работа. Секој дојде на овој свет со потенцијали, таленти и страсти кои му се дадени само нему. Можеби мораме од нив на некое време и да се откажеме. Можеме во нив да веруваме, можеме дури на нив и да заборавиме. И тоа може да биде голема опасност. Кога човекот не ја живее својата вистинска, автентична личност, нема чувство на исполнетост и дологотрајна среќа. Само оние кои ги живеат своите внатрешни вредности- се чувствуваат добро и благодарно и кога имаат малку, бидејќи самоостварувањето е силно чувство на смисла и цел, главна храна која им е потребна.
Ова може да биде добра инекција на самодоверба, бидејќи е крајно време да почнете повеќе да го слушате внатрешниот глас и што му е потребно на вашата душа. Другите луѓе можат да ни бидат учители, подршка, лекција, благослов, да ни го покажат патот. Но, да рескираме, да се менуваме и учиме- мораме сами.
Др. Весна Даниловац
vesnadanilovac.com
Leave a Reply